ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Проф. Пивоваров за ЦИВИЛ: Со Агенцијата за национална безбедност треба да раководи човек на државата – a не човек на партијата

October 17, 2024 15:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук на Бојан Христовски (30 април 2024)

Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук на Бојан Христовски (30 април 2024)

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Христијан Мицкоски го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тоа предизвика реакции во дел од јавноста и медиумите, затоа што Христовски извршувал партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е во спротивност со стандардите на оваа институција важна за безбедноста на државата.

Според Законот за АНБ, член на политичка партија нема право да биде директор на Агенцијата, а Христовски до неодамна извршуваше конкретна партиска функција – претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје. Исто така, во неговата биографија е и функцијата директор на Јавното претпријатие „Градски паркинг“ до септември 2022 година, кога поднесе оставка по конфликтот на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ѝ помогна да седне на градоначалничкото столче.

Универзитетскиот професор Владимир Пивоваров за ЦивилМедиа вели дека во Агенцијата за национална безбедност треба да се поставуваат натпартиски луѓе, односно стручни, професионални и со интегритет, бидејќи таа служба е во служба на државата и граѓаните, а не на партијата која е на власт.

„Меѓутоа, кај нас, за жал, 33 години се поставуваат партиски послушници на челните позиции и потоа ни се случуваат несакани работи како, на пример, масовното прислушкување во времето на Сашо Мијалков или Љубе Бошкоски. Со АНБ треба да раководи лице кое поседува интегритет и да си ја знеа работата. Тоа ти е како да ми дадете мене Ролс Ројс да возам, а јас не знам ниту Фичо да управувам. Кај нас треба да се почитуваат Уставот и законите, ни помалку ни повеќе. Меѓутоа, кај нас сè се сведува на тоа ‘стави го – наш човек е’“, изјави проф. Пивоваров за ЦивилМедиа.

На прашањето за предвременото разрешување на Зарко Милошевски, досегашниот прв човек на АНБ, Пивоваров вели дека Владата е таа која го именува и го разрешува како да е јаболка или круша на пазар.

„Во сериозни држави се менуваат Владите, но не и луѓето кои работат во службите, бидејќи како што таму велат: јас сум човек на државата, а не на партијата“, нагласува нашиот соговорник.

Тој додава дека државите кои имаат силни и натпартиски служби, имаат силна безбедност и добра економија, бидејќи политиките што ги прават тамошните влади се потпираат на извештаите и податоците токму од тие служби. Тој додава дека кај нас не е таков случај, туку „купи ден, продај ден“.

Зарко Милошевски, на чело на институцијата задолжена за безбедност и контраразузнавање беше неполни две години. Претходната влада на СДСМ и ДУИ го назначи за директор на 14 декември 2022 година, а на функцијата дојде на местото на Виктор Димовски, кој се повлече од директорското столче во АНБ за да замине како амбасадор во Париз, Франција, што не се случи.

Од Владата велат дека новиот директор на АНБ, Христовски си поднел оставка од член на партијата во 2023 година, без да прецизираат точно кога.

Но, неговиот партиски ангажман на социјалните мрежи продолжува и во 2024 година. Во прилог ќе објавиме само неколку „непартиски“ статуси на Христовски од 2024 година, откако му завршил партискиот ангажман во 2023 година.

Фото: Фејсбук на Бојан Христовски

СДСМ се противи на оваа, како што велат, политизација на безбедносните служби и бараат Христовски да биде разрешен и да биде назначен нов директор на АНБ. СДСМ ќе ги извести стратешките партнери, земјите членки на НАТО преку нивните амбасасади и Европската комисија.

Според СДСМ, со поставувањето на лице кое само до 2023 година беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија директно го прекршува член 10 од Законот за АНБ.

Дури и да се има формално повлечено од партијата, фактот дека до неодамна извршувал висока партиска функција е јасен показател дека ова решение е чисто партиско, непрофесионално и спротивно на Законот и на меѓународните стандарди, особено оние на НАТО. Мицкоски и ДПМНЕ го враќаат времето на директни злоупотреби на безбедносните служби во партиски цели“, велат од опозициската СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Агенцијата за национална безбедност не се политизира и дека на новоименуваниот директор Бојан Христовски му била нанесена неправда во минатото. Tаа грешка, вели, е исправена и сега тој има безбедносен сертификат.

Според Мицкоски, кога се трансформирала Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенција за национална безбедност (АНБ) и кога се правела селекција, како што кажа, имало поранешни високи структури од Агенцијата за разузнавање, и во Управата за безбедност и контраразузнавање и АНБ коишто ги профилирале луѓето и врз основа на тие профилирања гледале како да им наштетат преку лажни вести и клеветнички дописи, злоупотребувајќи ги институциите во коишто работат.

Во Законот за АНБ стои: Забрана за членување во политичка партија, органи и тела на политичка партија, политичко дејствување и истакнување партиски симболи.

Член 144 од Законот гласи: (1) Работник на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија, органи и тела на политичка партија, ниту политички да дејствува; (2) Работникот не смее да носи или да истакнува партиски симболи во просториите или во службените возила на Агенцијата, партиски да се организира или дејствува во Агенцијата.

Владата не објасни зошто е разрешен Милошевски, иако мандатот не му е изминат, а ниту образложи зошто го назначува Христовски на оваа функција, високо чувствителна за безбедноста на државата, наспроти тоа што само до неодамна извршуваше партиски функции – што е забрането според закон.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Одбиено обвинението против Максим Димитриевски, обвинителството се откажа од обвинението

July 3, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Ребалансот на буџетот: Луксуз и долгови – се земаат пари од граѓаните за да се покрие луксузот на Владата

July 3, 2025

Герасимовски: Во мојот мандат Центар доби целосна поддршка за урбаната велосипедска култура

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk