Неодмана објавената песна на Јон Ајди, Going Down, која патем доживеа и најголем успех кај нас и во странство, сега стана дел и од проектот наречен Backyard Sessions. кој е резултат на соработката помеѓу овој млад пејач и на 2by4 Production. Шест песни од неговиот прв мини албум беа изведени и снимени во живо, а меѓу нив се најде и Going Down, омилената песна на Јон, како што вели тој.
Младиот кантавтор Yon Idy ја објави својата најнова песна под наслов „Going Down“ – песна на која работел подолг период, песна со која созревал.
„Going Down“ е песната со која созреав. Работев на неа подолог период, па и затоа е најразлична од сите останати. Иако во неа е опеано туѓо искуство, искуство на една моја многу драга и блиска личност, јас постојано се пронаоѓав во неа. Со тек на време искуството стана и мое, па сега можам да кажам дека Going Down е песната која ја сакам од повеќе аспекти, од емоционален, инструментален, но и искуствен аспект. Секој нов додаден момент во неа, за мене значеше ново созревање. Се надевам публиката го согледува тоа“, изјавува Јон.
Јон активно соработува со 2by4 Production веќе неколку години, па оваа година како производ на оваа соработка се случи и проектот Backyard Sessions, во кој ќе учествуваат повеќе наши изведувачи. Целта на проектот е промоција на македонските изведувачи, нивната музика и претствување на истите на странскиот пазар.
„Ова снимање беше едно поинакво доживување, за мене прво од ваков тип. Благодарност до 2by4 Production, бендот, придружните вокали и Devil’s Studio кои овозможија да излезе овој звук. Песните изведени во живо секогаш оддаваат поинаков звук, но и перформансот е различен, поемотивен, единствен. Инсектите ни направија малку проблеми, но со тимска работа, и тој проблем се надмина“, низ смеа вели Јон.
Yon Idy e наш млад, перспективен музичар кој има карактеристичен вокал, а неговата музика е впечатлива. Многумина велат дека потсеќа на странски музичар, а бидејќи пее на англиски јазик, неговите песни многу лесно си го наоѓаат своето заслужено место на странските радија, особено во Европа. Моментално работи на уште 10 нови песни, како и на неколку соработки со наши и странски изведувачи. 2025 година ќе биде уште една година за паметење за Јон и неговата публика.