ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг

October 25, 2024 15:54
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Властите во Хонг Конг соопштија дека откриле фосили од диносауруси на зафлен и ненаселен остров кај градот. Ова е прво такво откритие во овој град во Кина, се наведува.

Наодите се откриени на островот Порт во Глобалниот геопарк на УНЕСКО во североисточните водни делови на градот. Фосилите најверојатно биле дел од голем диносаурус од периодот Креда, т.е. пред околу 145 до 66 милиони години. Ќе се спроведат дополнителни истражувања за да го потврдат типот на диносаурус. Островот Порт е затворен за јавноста до дополнително известување за да се олеснат идните истражувања и ископувања, се вели во официјалното соопштение.

– Откритието е од големо значење и дава нови докази за палеоеколошките истражувања во Хонг Конг, рече секретарот за развој на градот, Бернадет Лин Хон-хо.

Фосилите ќе бидат изложени денеска во еден од трговските области во Хонг Конг.

Професорот Мајкл Питман, палеонтолог од Кинескиот универзитет во Хонг Конг, рече дека „откритието е возбудлив лучај“ за градот, кој долго време беше домаќин на опсежни истражувања за диносаурусите, но се согласува дека наодите допрва треба да е потврдат.

– Хонг Конг е познат по обликуваниот пејзаж, но половина од сѐ тоа е „селски парк“. Во руралните области, повеќето од она што го гледате се карпи од ерата на диносаурусите, но тие се вулкански карпи – и тоа се лоши места за наоѓање фосили бидејќи фосилите едноставно „се топат“. Но, островот Порт е еден од островите каде што има карпи од ерата на диносаурусите од соодветниот вид и – вистинска средина, појасни проф. Питман.

Кина е една од четирите земји кои водат истражувања за диносауруси – заедно со САД, Канада и Аргентина. Во таа смисла, досега десетици илјади јајца од диносаурус се пронајдени во областа Гуангдонг, каде што се наоѓа Хонг Конг.

– Се надевам дека, гледајќи ги овие фосили, ќе видиме разлики со оние од некои од познатите наоѓалишта во Кина, како Сечуан и Јунан. Тоа може да раскаже навистина занимлива приказна за биогеографијата на животните, рече Питман.

Владата вели дека ангажирала научници и од континентална Кина за да спроведат истрага на тој терен. Властите, исто така, планираат да се отвори привремена работилница за јавноста за набљудување на стручната подготовка на фосилни примероци до крајот на 2024 година.

Next Post

Правила и совети за чување егзотично еже дома

Shortcut

Најново

Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk