ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Светот загрижен по нападот на Израел врз Иран: ЕУ повикува на воздржаност, Бајден се надева дека ова ќе биде крај на размената на оган, Арапските земји со осуда на нападот

October 26, 2024 19:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека се надева оти синоќешните израелски воздушни напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји.

Зборувајќи со новинарите пред да го напушти меѓународниот аеродром во Филаделфија во Пенсилванија, тој рече: „Мојата надеж е дека ова е крајот“.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш е „длабоко загрижен поради ескалацијата на насилствата на Блискиот Исток“ по израелските напади врз Иран, рече неговиот портпарол Стефан Дужарик во денешното соопштение.

„Генералниот секретар итно го повторува својот повик до сите страни да ги прекинат сите воени дејствија, вклучително и Газа и Либан, да ги направат сите можни напори за да се спречи сеопфатна регионална војна и да се вратат на патот на дипломатијата“, додаде Дужарик.

ЕУ повика на „најголема воздржаност“ по нападот на Израел врз Иран

Европската унија денеска ги повика сите инволвирани страни да покажат „најголема воздржаност“ за да се избегне „неконтролирана ескалација“ на конфликтот на Блискиот Исток, откако Израел гаѓаше цели во Иран.

„Опасната спирала на напади и одмазда создава ризик да предизвика ново продолжување на регионалниот конфликт. Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, ЕУ ги повикува сите инволвирани страни да покажат најголема можна воздржаност со цел да се избегне ескалација надвор од контрола која не е во ничиј интерес, соопшти Европската унија.

Израел предупреди дека Иран ќе плати „тешка цена“ доколку одговори на тие напади, кои пак беа одговор на нападите на Иран врз Израел на 1 октомври.

Париз и Берлин повикаа на деескалација на тензиите на Блискиот Исток

Германија и Франција повикаа на воздржаност и деескалација на тензиите на Блискиот Исток откако израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа извршија воздушни напади врз Иран. Истовремено, Сирија и владејачките талибанци во Авганистан категорично го осудија нападот, пренесоа светските агенции.

„Мојата порака до Иран е јасна: не можете да продолжите со масовен одговор на ескалација. Ова мора да заврши. Ова би обезбедило можност за мирен развој на Блискиот Исток“, напиша германскиот канцелар Олаф Шолц на социјалната мрежа Икс.

Париз „итно ги повикува страните во конфликтот да се воздржат од ескалација и активности кои би можеле да ги влошат тензиите во регионот“, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е длабоко загрижено поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран и повика на нормализирање на ситуацијата на Блискиот Исток, откако Израел изврши воздушни напади врз воени објекти во Иран.

Арапските земји ги осудиja израелските напади врз Иран

Неколку арапски земји денеска ги критикуваа одмаздничките напади на Израел против Иран поради воена ескалација во регионот и стравувања од сеопфатна војна, пренесе ДПА.

Саудиска Арабија соопшти дека го осудува военото гаѓање на Иран и го нарече „кршење на неговиот суверенитет и кршење на меѓународното право“.

Саудиска Арабија и нејзиниот регионален ривал Иран, кои ги поддржуваа спротивставените страни во конфликтите во Јемен и Сирија, минатата година со посредство на Кина се договорија да ги обноват врските по прекин од седум години.

Монархијата богата со нафта денеска ги повика сите страни да покажат најголема воздржаност и предупреди на „последиците од континуираните воени конфликти“ во регионот.

Нарекувајќи го нападот „еклатантно кршење“ на иранскиот суверенитет, Катар изрази „екстремна загриженост“ поради потенцијалните „опасни“ последици и повика на воздржаност.

Катар, САД и Египет со месеци посредуваат меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас за да склучат примирје во Газа и договор за ослободување на заложниците.

Обединетите Арапски Емирати и Оман, две други земји од Заливот, исто така го осудија израелскиот напад.

Ирак, дом на милициите подредени на Иран, ги осуди израелските напади и изрази солидарност со соседен Иран.

– Ирак претходно предупреди за тешките последици кои произлегуваат од молкот на меѓународната заедница за бруталните дејствија на ционистичкиот ентитет (Израел), вклучувајќи ги и неговите напади против нашиот народ во Палестина, Либан, Сирија и сега оваа нова агресија против Иран, изјави владиниот портпарол во соопштение објавено на интернет.

Новиот министер за надворешни работи на Иран Абас Арагчи пред само неколку дена посети неколку арапски земји, промовирајќи ја дипломатијата во регионот.

Од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година меѓу Израел и Хамас, проиранските милиции во регионот презедоа одговорност за серија напади врз Израел.

„Сирија ја изразува својата солидарност со Иран и потврдува дека стои на негова страна. Дамаск одлучно го поддржува законското право на Исламската Република на самоодбрана, заштита на нејзината територија и животите на нејзините граѓани“, се вели во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи.

Израел во текстот е обвинет дека „го игнорира меѓународното право и го продолжува својот криминален и агресивен курс против народите во регионот“.

Во соопштението, Министерството за надворешни работи во Кабул, контролирано од Талибанците, го осуди нападот и ја повика владата на Израел да го запре „ширењето на натамошното насилство и криминал во регионот“, јави ДПА.

Израелските воздухопловни сили синоќа гаѓаа цели во Иран, при што загинаа двајца ирански војници.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти претходно денеска дека Иран има право и должност да се брани по последните израелски напади.

Израелските напади се одмазда за иранските ракетни напади врз Израел на почетокот на октомври.

Ј. Ѓ.

Поврзано: 

Израел утрово нападна ирански воени локации, загинати војници и оштетени воени бази

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: израелИран

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk