ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Прилеп функционира советувалиште за лица зависници од коцкање и обложување

October 26, 2024 17:50
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: Dusan Kipic / Unsplash

Фото: Dusan Kipic / Unsplash

Во Прилеп функционира советувалиште за лица зависници од коцкање и обложување. Советувалиштето, кое функционира во рамки на Клубот на лекувани алкохоличари, го посетуваат дванаесетина лица, од кои седум редовно.

Според клиничкиот психолог Јован Велески, кој работи со лицата во советувалиштето, станува збор за релативно млади луѓе, најмладото лице е 22-годишна девојка. Коцкањето има медицинска и социо-патолошка квалификација.

– Живееме во време во кое слободата на сопствената е една од поважните работи, кога личноста се чувствува слободно и може да троши пари или да располага со имотот во поголема мера како што сака. Меѓутоа, сето тоа треба да има позитивни импликации за околината и социјалното опкружување, без да направи каква било штета на другите. За жал, таа слобода на сопственоста не е добро дефинирана кај нас и тоа предизвикува многу негативни конотации во овие состојби, особено како што се зависноста од коцкање, злоупотребата на пари. Од нашето искуство кое го имаме од последнава година, заедно со примариус д-р Павлина Васкова, еден од националните координатори за болестите на зависности, направивме мала програма како да го регулираме терапискиот дел за лицата кои имаат каква било зависност од коцкањето. Тоа го правиме во склоп на здружението за болести на зависности, изјави Велески.

Во земјава ваквите состојби не се регистрирани како болест, иако според меѓународната квалификација на болести, оваа состојба спаѓа под нарушување на навиките и импулсите.

Во САД, оној што сака да игра на апарати и игри на среќа, се смета дека е негово ексклузивно право, но за да не прави негативни импликации на околината, треба да има месечна заработувачка од 55 000 долари. Во Европа таа сума е околу 36 000 евра месечна заработувачка. Ккај нас не е така поради што многу семејства страдаат зашто нивните членови прават големи непромислени потези.

Во Хрватска и Словенија напреднале во мерките за оваа зависност. На Клиниката која се занимава со зависности во Загреб има групи кои работат групна психотерапија, додека кај нас, во овој момент најбитно е терапијата да е индивидуална и да е дискретна. Некои доаѓаат сами, но, најчесто под притисок на семејството.

– Колку е помлада личноста, толку е поголема интервенцијата на терапијата и на психологот. Може поефектно да се насочи и да се контролира нејзиното однесување. Има четири техники на дејствување, најбитната е онаа на поддршка. Ова го кажувам за стручните лица во земјава да ги охрабрам да почнат да работат со овие категории луѓе, бидејќи овој проблем за брзо време ќе стане многу голем, можеби во рамките на болестите од психотропни супстанции и алкохолизмот, додава Велески.

Тој се надева дека во иднина Прилепската болница ќе ја сфати тежината на оваа зависност и ќе се ангажираат поголем број професионалци кои ќе се носат со овој, не само медицински, туку и социјален проблем.

– За ова е информирана и Комората на психолози на Македонија, а ќе биде информирано и Здружението на психијатри за да може да се направат специјални групи кои ќе се занимаваат со оваа проблематика. Земјите имаат регулатива и политика за овој проблем – да не се даваат брзи кредити за коцкање. САД, на пример, за овој проблем го измислиле Лас Вегас, посочува Велески.

Граѓаните бараат ригорозни контроли и големи даноци за поголемиот број коцкарници, казина и обложувалници. Освен во Прилеп, преку Здружението за броба против зависностите, советувалишта има и во Скопје и во Куманово.

Tags: коцкањеобложувањеПрилеп
Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Шолц го предупреди Техеран да не покренува каква било „ескалација“ по израелскиот напад

НАЈНОВО

Пукање во училиште во Минеаполис, тројца загинати, дваесет повредени

August 28, 2025

Скопје, Тетово и Куманово први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

August 28, 2025

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk