Речиси една деценија, Artdegypte ги трансформира иконите на египетското наследство во извонредни уметнички галерии, со прекрасни изложби поставени на места како Египетскиот музеј и улицата Ел Муез во стариот Каиро. Но, ниту една не била помонументална од серијалот „Засекогаш е сега“ („Forever is Now“) на Пирамидите во Гиза. Оваа уникатна иницијатива на основачот Надин Абделгафар продолжува да го прикажува неверојатниот спој на античкото минато на Египет со современата уметност од целиот свет.
Изложбата „Forever is Now IV“ ќе трае до 16 ноември. Посетителите можат да пристапат до изложбата со стандардниот билет за влез во Пирамидите, а уметничките инсталации се бесплатни за јавноста.
Преземено: SceneNow
Подготви: Б. Т.