Kоридор 8 е многу важен инфраструктурен проект. Напредокот во процесот на експропријации на парцели за изградба на Коридор 8 бил интензивен и многу значаен. За овој голем проект потребна е експропријација на 4032 парцели, а ние со гордост ви кажуваме дека до денес сме успеале да експроприерираме 2432 од нив, што е над 50%. Овој резултат јасно ја покажува посветеноста и ангажманот на целиот тим и напредувањето со брзо темпо кон реализацијата на овој важен коридор за Северна Македонија, соопштува Калтрина Зеколи Шаќири, заменик министерка во министерството за Транспорт
„Пронајдовме процесот на експропријации во многу ниска фаза, со само 3% завршени. Меѓутоа, добро организираната работа направи да во период од еден месец достигнеме над 50% од експропријациите. Без сомнение, ова е успех на сите страни вклучени во овој процес. Нашиот фокус е исклучителен за да достигнеме до финализирање на експропријацијата на сите парцели. Благодарност до зам. Директорот, Назим Таипи и другите колеги од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за коректноста и соработката што ја покажале до сега во овој процес. Со ваков посветен тим, работата била клучна за постигнување на овој голем напредок. Ова нè мотивира за идните фази. Со овој напредок покажуваме дека кога посветеноста и соработката се присутни, големите цели стануваат реалност“, се наведува во соопштението од заменик министерката Зеколи Шаќири.