ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Инклузивноста и консензусот во НРС се темел за долгорочниот развој и стабилност

October 30, 2024 07:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Националната развојна стратегија(НРС) отвора пат кон долгорочен развој, стабилност и просперитет за сите наши граѓани и граѓанки. Нејзиното усвојување е повеќе од обична политичка одлука – тоа е пресвртна точка, момент кој бара зрелост, одговорност и најважно, консензус“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на вчерашната 17-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, на која, меѓу другото, се расправаше за Националната развојна стратегија 2024-2044 година.

Битиќи потсети дека пред неполни четири години, како вицепремиер за економски прашања, со голема одговорност и посветеност го започна процесот на креирање на НРС.

„Во тој момент, со јасна визија дека нашата држава мора да има долгорочен и стабилен план за развој, формиравме тим од стручњаци, консултиравме експерти од различни области, но најважно, го отворивме процесот за пошироката јавност, вклучувајќи го гласот на илјадници сограѓани граѓани. Над 14.000 граѓани од различни сегменти на нашето општество, од академската заедница, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и сите политички партии, придонесоа во неговото создавање. Тоа значи дека ова не е само стратегија на една влада или една партија. Ова е стратегија од сите нас за сите нас“, рече пратеникот од СДСМ, Битиќи.

Тој потсети дека за време на власта на СДСМ е поставен темелот за овој документ кој, со тек на времето, прерасна во најважната стратешка рамка за иднината на нашата држава.

„Денес, со огромна радост и чувство на исполнетост, како пратеник го дочекав финализирањето на стратегијата. Овој документ одразувајќи ги колективните аспирации успеа да ги обедини различните гласови и интереси. Сега, како претставник на граѓаните и граѓанките, со уште поголема увереност можам да кажам дека ова е патот кој ќе ја води нашата земја кон долгорочен и одржлив развој. Консензусот што го бараме денес не е само политички чин. Тој е израз на нашата посветеност кон демократските вредности. Со оваа стратегија покажуваме дека ги цениме различните мислења и сме подготвени да ги интегрираме во еден заеднички план. Ние, како пратеници, имаме обврска да го претставуваме гласот на граѓаните и граѓанките, кои преку процесот на создавање на НРС јасно ни порачаа што очекуваат од нас: очекуваат консензус, очекуваат соработка и очекуваат визија која ќе ги надмине тековните политички битки и поделби“, рече Битиќи.

Во своето обраќање во Собранието, пратеникот Битиќи појасни дека консензуалното усвојување на НРС ќе има и долгорочни политички импликации, затоа што ова не е само стратегија која ќе помогне да се решат економските предизвици.

„Ова е стратегија која ќе ја засили довербата во нашиот политички систем. Со тоа што сите политички партии учествуваа во нејзиното создавање, ние покажавме дека сме способни за компромис и соработка. А компромисот не е слабост – напротив, тоа е израз на политичка зрелост и одговорност“, рече Битиќи и дополни дека пратениците имаат можност да покажат дека за прашања кои се од суштинско значење за иднината на државата, може да работат заедно и даги надминат партиските интереси и да се усвои документ кој ќе биде од корист за сите.

Битиќи истакна дека една од важните лекции што треба да се научи од процесот на создавање на НРС, е дека инклузивноста не е само средство за постигнување на цели.

„Инклузивноста е основен принцип на демократскиот систем, кој гарантира дека секој глас е слушнат и секој интерес е земен предвид. Ова не треба да се ограничи само на институциите – оваа вредност треба да се преслика и во нашите политички партии, во нашиот секојдневен живот“, порача од собраниската говорница Фатмир Битиќи.

 

Tags: Националната развојна стратегијаФатмир Битиќи
Next Post
Собрание на Република Северна Македонија

Собранието ја усвои Националната стратегија за развој

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk