ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски му врачи примерок на Мицкоски од изјавата на Божиновска за бугарската самосвест

October 31, 2024 16:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, потсети, како што соопштуваат од СДСМ, на лицемерниот однос на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот кога беше присутна претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен во однос на францускиот предлог, односно таканаречениот бугарски диктат и на променетиот став на власта денеска.

Спасовски го праша Мицкоски дали ќе ја разреши министерката Сања Божиновска затоа што ја излажа јавноста за нејзиното бугарско државјанство.

-Сега имаме состојба којашто веројатно е променета, а се однесува на носењето на одлуките при креирањето на владата. Впрочем изелога информации во јавноста дека во владата имаме министер кој се изјаснува дека е со бугарска самосвест, немам ништо против тоа е природно право и секој може тоа да го каже. Меѓутоа прашањето ми е дали при составот на владата, при разговорите што сте ги имале со кандидатите, бевте информирани за една ваква ситуација и можеби начелото: Прво Бугарите во Владата, па после во Уставот ќе вроди со плод и тоа е начинот на којшто ќе дојдете до промена на Уставот, нели новиот план што го претставивте и во изборната кампања и на изборите. Еднаш Божиновска велеше дека нема бугарско државајнство, потоа дека адвокати биле одговорни, за да излезе документ, потпишан од неа дека има бугарска самосвест. Еве го тој документ. Она што сега во јавноста кружи сакам да ве прашам дали ќе се побара одговорност од министерката Сања Божиновска?, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во прашањето упатено до премиерот Мицкоски.

Пратеникот Спасовски му врачи примерок на Мицкоски од изјавата на Божиновска за бугарската самосвест, велат од СДСМ.

Фото: СДСМ

Мицкоски: Нема поголема Македонка од Сања Божиновска, таа е професионалец со исклучително квалитетни позиции во минатото

Да биде Сања Божиновска дел од македонската влада е привилегија, затоа што тоа што таа го има направено на професионален план во енергетиката, вие не можете  ниту да сонувате, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во Собранието, во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски.

Тој обраќајќи се кон пратеникот Оливер Спасовски, рече дека Сања Божиновска е поголема Македонка и притоа го обвини дека тоа што тој како министер го направил во Министерството за внатрешни работи е „најлошиот дебакл што се случил во државата“.

Tags: БожиновскаМицкоскиСпасовски
Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Бројот на жртви од поплавите во Шпанија се искачи на 158

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk