Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почетот од 20 часот ќе биде одржан концерт на Алтус Ансамбл.
Уметнички директор на овој ансамбл е Паскал Галоа, а членови се Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело и Маријана Николовска – пијано.
Алтус ансамбл, оформен по иницијатива на Центарот за едукација и Музика ЦЕМ МКД, се стреми кон поддршка на современите композитори преку создавање на нови дела и обраќање кон нова публика преку амбициозна програма која вклучува дела од 20ти век.
На секој концерт премиерно изведува дела од македонски композитори, а има настапувано на Фестивалите Охридско лето, Денови на Македонска Музика во Македонија, Динамик фест во Салцбург, како и на фестивалот во Киберон, Франција, по резиденцијата на која ја претставија македонската култура и музика преку концерти и педагошки работилници.
На концертот во Филхаромија се одбележуваат 100 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски и 50 години од смртта на Андре Жоливе.
На програмата се и дела од композиторите : Дарија Андовска, Филип Иванов, Горан Начевски, Ана Марија Тобиас и Панде Шахов.