ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Трошоците за храна реално ќе се намалат со предлог-законот на СДСМ за укинување на ДДВ

November 5, 2024 09:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ кој го поднесовме вистински ќе помогне, не на опозицијата, не на власта, вистински ќе помогне на граѓаните, за да им помогнеме за потрошувачката кошница да се намали, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на „Телевизија 24“, во однос на законските измени поднесени од СДСМ, а со кои се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи од 5% на 0% ДДВ,  а што ќе значи месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.

Реплицирајќи на оценките на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изнесени во емисијата, дека законот е „лицемерен потег“ и  исто законско решение било предложувано од негова страна и претходно, пратеникот Битиќи потенцираше дека станува збор за носење на законско решение во различни времиња.

„Законот за намалување на ДДВ се носи во различни времиња. Само да ве потсетам колку мерките кои што сме ги донеле ги променија економски состојби. Инфлацијата која беше увезена ја намаливме од 19% на 3%, за денес да може да зборувате за 2,5 % и тоа е поради одредени мерки што сме ги носеле.  Во септември потрошувачката кошница е зголемена за 1.000 денари во однос на август, за во октомври да се намали за 940 денари. Односно 54 денари е разликата на цените во однос на тие што биле во август и тоа е реалноста“, рече Фатмир Битќи, пратеник од СДСМ.

Тој истакна дека СДСМ е конзистентен во политиките, што се препознава во тоа што за време додека беше на власт се работеше да подобрување на стандардот на граѓаните и ублажување на последиците од зголемената инфлација.

„Имаше намалување на цени, имаше шест различни мерки кои што го дадоа ефектот. Ние ги замрзнавме цените во одреден временски период, воведовме ограничување на маржи во одреден временски период. Го донесовме Законот за нефер трговски практики, кој што во суштина сега треба да се спроведува, со кој за првпат сме една од земјите на Западен Балкан која што има еден таков закон, а кој ни приближно не се спроведува. Ние си остануваме конзистентни, а тоа е дека ќе направиме се граѓаните да имаат подобар живот“, рече Битиќи и дополни дека за ова предлог законско решение за намалување на ДДВ-то треба да се соочат аргументите на комисиска расправа во Собранието.

 

Tags: БитиќиддвСДСМцени
Next Post

Српскиот премиер ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво Горан Весиќ

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk