Поради промена на три затворачи (1 х ф150мм и 2 х ф-80мм), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Индира Ганди“, „Виничка“, „Бутелски Венец“ и „Јован Хаџи Шишко“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности.