Eвропска Унија денеска спроведува вежба поврзана со координација на акциите во случај на кибернапад од големи размери, соопшти Европска комисија.
Во вежбата учествуваат претставници на ЕК, како и на раководствата на службите за киберзаштита на земјите од ЕУ.
Нивната работа е поддржана од Европската агенција за кибербезбедност, чија цел е да се воспостават можности за комуникација помеѓу раководствата на европските услуги во рамките на новоизградениот паневропски систем за известување ЕУ-СајКЛОН (EU-CyCLONe).
Новиот систем е создаден за оперативно управување со одговорот на киберинциденти и ги надополнува воспоставените линии на контакт на политичко ниво.
Резултатите од вежбата ќе се рефлектираат на планот за координирани акции во слични кризи, усвоен пред шест години.