Вицепремиерот Арбен Фетаи на својот Фејсбук профил објавил дека добил мејл со закана по живот. Вицепремиерот тврди дека заканата ја добил по неговата изјава за формулацијата „20 проценти“ да се замени со „албански јазик“.
Фетаи лично го известил Панче Тошковски, а тужбата е во тек.
„Ги потсетувам сите дека албанскиот јазик не се заканува за ништо и никого. Јазикот е богатство, средство за комуникација кое служи за разбирање и соработка, затоа нема да дозволиме албанскиот јазик да биде изговор за ваков вид луѓе да ни ја попречат работата“, напиша Фетаи нагласувајќи дека останува фокусиран на европскиот пат.