ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Околу две илјади бездомни кучиња од Вардарскиот регион ќе бидат хумано третирани во новоизградениот центар во Кавадарци

November 10, 2024 10:48
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу две илјади бездомни кучиња од девет општини во Вардарскиот регион ќе бидат хумано третирани во наредниот период во новоизградениот регионален центар во Кавадарци, што се очекува да почне со работа при крајот на овој месец.

Од новоформираното јавно претпријатие – Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство Стационар Шепа Кавадарци за МИА велат дека на тој начин се очекува да се реши долгогодишниот проблем со бездомните кучиња со кој се соочува регионот. Само во Кавадарци, бројот на бездомни кучиња е над 500, а само околу 13 проценти од нив, засега се соодветно и стручно хумано третирани.

Од Центарот истакнуваат дека тоа е висока популација, која најчесто потекнува од неодговорното сопствеништво. Со најавените активности, бездомните кучиња хумано ќе се третираат, а се очекува да се спречат и каснувањата на луѓе и пренесувањето на заразни болести.

Во програмата за хуман третман и благосостојба на бездомни животни на подрачјето на општина Кавадарци е објаснет начинот на решавање на проблемот со бездомните кучиња во деветте општини од Вардарски регион, преку воспоставување на систем за контрола на популација на кучиња согласно на законските прописи. Се нагласуваат и активностите за поттикнување на одговорното сопствеништво, како и неселективното казнување на несовеснитеграѓани.

Од Центарот истакнуваат дека програмата се базира на методата заловување, стерилизирање, вакцинирање и вдомување или враќање, што е востановена како единствена ефикасна стратегија и од страна на Светската здравствена организација.

– Поради порастот на популацијата, за најбрз загарантиран ефект ќе се направи план за масовен хуман третман на бездомните кучиња, во рамки на општината во период од шест до 12 месеци. Се предвидува дека со 75 проценти стерилизирани или кастрирани единки, процентот на напредок на популацијата станува нула проценти, по што бројот на бездомни кучиња природно почнува да опаѓа, велат од Центарот.

Оттаму појаснуваат дека престојот на кучињата во прифатилиштето нема да биде подолго од 30 дена.

Финансирањето е од страна на општините Кавадарци, Неготино, Велес, Свети Николе, Чашка, Демир Капија, Градско, Лозово и Росоман, како и од донации.

Целосната финансиска конструкција на проектот изнесува 14. 892.319 денари. Дел од средствата во висина од 5.119. 385 денари се обезбедени од Швајцарска амбасада, а 9.772.933 денари од Министерство за локална самоуправа. Деветте општини во Вардарскиот плански регион усвоија модел за управување и организациона поставеност на прифатилиштето на регионално ниво, преку кој секоја општина обезбеди дополнителни средства, за оперативни трошоци за работење на Центарот.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во март при посетата на тогашниот министер за локална самоуправа Ристо Пенов, рече дека капацитетот на објектот е околу 60 кучиња и има услови за згрижување по сите стандарди.

– Секое куче бездомник ќе биде згрижено, чипирано, кастрирано и социјализирано, изјави тогаш Јанчев.

Локацијата на објектот наменет за деветте општини, е во населбата Глишиќ. Објектот се протега на површина од 5.470 квадратни метри.

Светлана Дарудова/МИА

Tags: бездомни кучињаКавадарци
Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Повеќе од 100.000 лица протестираа во Валенсија поради бавната реакција на властите во поплавите

НАЈНОВО

Фото: МИА

(ВИДЕО) Мицкоски: 23 Октомври не е само датум – тоа е завет дека Македонија никогаш нема да биде ничија туѓа мисла, туку вечен порив за слобода, правда и иднина

October 23, 2025
Фото: Герасимовски

Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

October 23, 2025

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk