ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Повеќе од 100.000 лица протестираа во Валенсија поради бавната реакција на властите во поплавите

November 10, 2024 10:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Над 100.000 лица протестираа во саботата вечерта во Валенсија, на истокот на Шпанија, поради бавната реакција на регионалните власти за време на разорните поплави во кои загинаа повеќе од 220 лица, а на крајот од протесто дојде и до судири со полицијата, јавиваат шпанските медиуми.

Шпанската агенција Ефе, повикувајќи се на владини официјални извори, објавија дека на протестот по улиците на Валенсија синоќа излегле 130.000 лица, обвинувајќи ги локалните власти дека предоцна издале предупредувања за поплави.

Би-Би-Си потврди дека на крајот од протестот гневните демонстранти се судрија со полицијата.

Зградата на градското собрание беше измачкана со кал, а градоначалничkата Марија Хозе Катала на социјалните мрежи објави фотографии од скршени прозорци и видео на кое се гледа пожар.

„Вандализмот не е решение“, напиша таа.

Демонстрантите се собраа синоќа во центарот на Валенсија барајќи оставка од лидерот на регионалната влада Карлос Месон, извикувајќи „Убијци“, јавија британските медиуми.

„Нашите раце се извалкани со кал, вашите со крв“, пишуваше на еден од транспарентите, а демонстрантите ги извикуваа тие зборови.

Дел од нив во знак на протест фрлаа калливи чизми пред општинската зграда.

Жителите на погодените области го обвинуваат Месон дека го издал предупредувањето предоцна – во 20:00 часот на 29 октомври, откако водата веќе поплавила многу околни градови и села.

Месон рече дека предупредувањето би го издал порано доколку телото задолжено за следење на водите навреме ги известило властите за сериозноста на ситуацијата.

Најмалку 223 лица загинаа во поплавите, а речиси 80 лица се уште се водат како исчезнати во најсмртоносните поплави во една европска земја од поплавите во Португалија во 1967 година, кога загинаа околу 500 лица.

Tags: Валенсијапоплавипротест
Next Post

Тимот на Трамп се огради од републиканскиот стратег кој рече дека Крим ќе остане руски

EVN

НАЈНОВО

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео BBC

Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk