ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Додека граѓаните се борат со високите цени Мицкоски си игра мајтап со народот

November 10, 2024 10:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада РСМ

Фото: Влада РСМ

Додека граѓаните се борат со високите цени и како да врзат крај со крај, премиерот Мицкоски си игра мајтап со народот и ја потценува неговата интелигенција, соопштуваат од СДСМ.

Оттаму велат дека „Премиерот Христијан Мицкоски гордо изјави дека бил задоволен од ефектите од замрзнување на маржите односно од така наречената есенската кошничка со која цените се намалија за 0.1%“.

Со скапи и луксузни часовници од 50.000 евра на неговата рака, нагласуваат од СДСМ, ова големо задоволство кај Мицкоски  од историскиот успех на мерка со намалување на цените од 0.1% може да биде од незнаење или од неинформираност.

„Очигледно Мицкоски не оди во маркет.  Па затоа не видел дека нема намалени цени, дека на одредени производи има дури и зголемување. Дека белиот леб и натаму е 33 денари, цената на зејтинот од 78  се зголеми на 87 денари, на јогуртот од 72 на 81 денар. Или можеби не знае дека Државниот завод за статистика, математички прецизно го пресмета ефектот на мерката од којашто тој е задоволен: 0.1% намалени цени на мало во октомври. Можеби не знае Мицкоски дека Синдикалната кошничка се намали за само 57 денари? Граѓаните живеат тешко и мајтапењето со нивните потешкотии се нерсериони. Наместо да ја потценува интелигенцијата на народот и да си игра мајтап Мицкоски сериозно да си ја сфати улогата и да преземе нешто за високите цени.  Прво што треба да направи е да ги прифати предлозите на СДСМ за поголеми плати и укинување на ДДВ за храна“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите истакнуваат дека „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард на граѓаните, раст на платите и пензиите, отварање на нови работни места, привлекување на странски  инвестиции и инвестиции во општините“.

„Со владата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија почнува да се трансформира, преку соодветни мерки најпрво се запре слободниот пад во економијата, економијата се стабилизира, а инфлацијата и трошоците за живот се намалија. ВМРО-ДПМНЕ ги постави темелите за нова економска трансформација на државата и инвестира во општините“, се агласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Tags: МицкоскиСДСМцени
Next Post

Минус шест степени измерени во Берово, најтопло во Велес и Виница

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk