ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: СДСМ предлага амандмани за повисоки плати, повеќе пари за земјоделците и поквалитетни јавни услуги

November 13, 2024 13:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

СДСМ поднесе повеќе од 200 амандмани на Предлог Буџетот за 2025 година, со кои предлага конкретни решенија што ќе придонесат за подобрување на животот на граѓаните и за зајакнување на клучните сектори. Фокусот на овие амандмани е насочен кон зголемување на платите во јавниот сектор, особено во образованието, полицијата и пожарникарството, како и кон обезбедување на подобри услови за работа и квалитетни јавни услуги, соопштуваат од СДСМ.

„Нашите амандмани не се само бројка. Тие се инструмент преку кој бараме вистински промени кои директно ќе влијаат на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Воведуваме зголемување на платите за вработените во јавниот сектор, почнувајќи од образованието и здравството, што ќе ја подигне мотивацијата на работниците и ќе овозможи поквалитетни услуги за сите“, изјави на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Посебен акцент е ставен на секторот безбедност, каде амандманите предвидуваат зголемување на платите за полицијата за 20%, како и средства за нова технолошка опрема со која ќе се зголеми безбедноста на граѓаните. „Ова е инвестиција во безбедноста на сите граѓани и во обезбедување на подобри услови за нашите полицајци, кои секојдневно се на терен и ги заштитуваат граѓаните“, потенцираше Филипче.

Во секторот здравство, амандманите опфаќаат набавка на нова медицинска опрема и зајакнување на капацитетите на итната медицинска помош. Овие мерки се дел од заложбата на СДСМ да се унапреди здравствениот систем, кој е основа за стабилно и здраво општество. „Граѓаните заслужуваат достапни и квалитетни здравствени услуги. Затоа, нашите амандмани предвидуваат инвестиции кои ќе значат подобар пристап до здравствена заштита за сите“, додаде Филипче.

Амандманите опфаќаат и значајни субвенции за младите земјоделци, со цел поттикнување на руралниот развој и зголемување на производството. Исто така, предвидени се субвенции за домаќинства и транспортни компании кои ќе преминат на електрични возила, што е дел од заложбата за подобра енергетска ефикасност и намалување на загадувањето.

„Овие амандмани се повеќе од предлози – тие се план за Македонија што се грижи за своите граѓани, за нивните приходи и за нивниот животен стандард. Ќе се бориме за нивно усвојување, бидејќи тие се во интерес на сите граѓани“, заклучи Филипче.

 

Tags: СДСМФилипче
Next Post

ЕК чека предлози од приватни инвеститори за учество во обновата на Украина

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk