ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите за амбасадор во Букурешт, најави тужба за клевета

November 13, 2024 14:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот во Романија Андреј Жерновски, демантира дека не ги предал акредитивите за амбасадор во Букурешт, откако вчера на прес-конференција шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, образложувајќи ја одлуката за отповикувањето на седум амбасадори, меѓудругото рече дека Жерновски „формално правно, никогаш не ни станал амбасадор во Букурешт, бидејќи нема предадено акредитивни писма“.

-Откако од медиумите дознав дека, како амбасадор, сум се тепал по официјални приеми во Романија, за што следеше приватна тужба од моја страна, вчера на истиот начин дознав нова вест- дека сум бил амбасадор „на диво“. Не знам на тие медиуми од каде им е и кој им ја кажал оваа „генијална“ теза, но знам дека со некој од нив ќе мора да се видиме на суд. Не дека го сакам тоа, но мора да се воспостави ред, бидејќи клеветењето и нанесувањето штета на нечиј личен углед и интегритет е крајно сериозна работа, колку и објавувачите или пренесувачите на вакви невистини да не ги поседуваат наведените особини, објави Жерновски на својата Фејсбук страница.

Како доказ за трагикомичните лаги, додава тој, денеска ја објавувам фотографијата од предавањето на моите акредитиви во романското МНР.

-Дополнително, онаму каде ќе биде потребно, ќе ја доставам и мојата лична карта во Романија, која се издава на дипломати, на која пишува дека сум амбасадор на Република Северна Македонија во Букурешт. Истата е издадена од Министерството за надворешни работи на Романија. Многу ми е жал што, поради внатрешните процедури во нашето МНР, разбирливо, не смеам да давам службени изјави додека трае мојот амбасадорски мандат. Се разбира, кога истиот ќе заврши, со задоволство и со страст ќе ги отвориме сите теми. До тогаш, со оние кои шират лаги и клевети, ќе се гледаме на суд.

Вчера министерот Муцунски во однос на амбасадорите Љубомир Фрчкоски во ОН, Андреј Жерновски во Букурешт и Весел Мемеди во Рим, рече дека амбасадорот Фрчкоски поднесе оставка, но тоа, додаде, не значи дека тука се завршени процесите околу внатрешна ревизија за финаниското работење, бидејќи, рече, тоа е сосема друго прашање.

-Во врска со амбасадорот Жерновски, и амбасадорот Мемеди се водат внатреши процедури во рамките на Министерството за надворешни работи, во согласно со Законот за надворешни работи и соодветно ќе бидете информирани кога ќе завршат тие процедури. Формално правно амбасадорот Мемеди е се уште амбасадор. Формално правно, амбасадорот Жерновски никогаш не ни станал амбасадор во Букурешт, бидејќи нема предадено акредитивни писма, додека Фрчкоски е амбасадор во оставка, појасни Муцунски. 

Tags: Жерновскитужба
Next Post
Фото: МИА

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

June 8, 2026

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk