ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Оштра реторика од Град Скопје до Николоски и Ѓорѓиевски: Три години, скопјани се жртви на секташкиот партиски менталитет на ВМРО-ДПМНЕ

November 15, 2024 17:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Жално е што причинителите на голготата на граѓаните на градот Скопје со јавниот превоз, зборуваат за тоа како на нив им било жал за граѓаните. Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да одобрат набавка на 250 нови автобуси. Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да гласаат за спроведување на проектот БРТ со кој Скопје ќе добие 50 нови автобуси, бесплатно, реагираат со соопштение од Град Скопје на изјавите на министерот Николоски и градоначалникот Ѓорѓиевски

„Три години, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат буџетите и програмите за работа на ЈСП. ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од Христијан Мицкоски одби да набави нови автобуси, иако предложивме средствата за набавка на нови автобуси да ги префрли градот Скопје на Владата, а тие да ги набават автобусите. Три години, скопјани се жртви на секташкиот партиски менталитет на ВМРО-ДПМНЕ и нивните наводни душегрижници. Луѓе одвоени од реалноста, манипулатори и лажговци“, се наведува во реакцијата од Град Скопје.

Николовски: Во поедноставна постапка и ослободени од комуналии ќе се градат училишта, болници и катни гаражи кои се 100 отсто во државна сопственост

Со измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, во поедноставна постапка и ослободени од комуналии, ќе може да се градат училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општините и државата. Ова го изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски по средбата со раководството на ЗЕЛС.

Според Николовски, ова ќе придонесе развој на општините, како и решавање на бројни проблеми на граѓаните во делот на згрижување, образование, здравствената заштита, како и проблемите со градскиот паркинг.

– Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните, да се насочени кон граѓаните и да бидат во подобра финансиска кондиција. Постојат и други предизвици во следниот период што ќе ги решаваме, пред сѐ во закони што се поврзани со директното функционирање со општините, затоа како министер и како потпрестедател на Влада сум на располагање да имаме добра соработка, рече Николовски.

На средбата со раководството на ЗЕЛС било разговарано за средствата што Владата ги има обезбедено за капитални проекти во општините, бидејќи како што рече, преку 80 отсто се преку Министерството за транспорт. За следната година, како што посочи, ќе има дополнителни 250 милиони евра исто така за инфраструктурни проекти за општините.

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски посочи дека скопските општини со месеци чекале да бидат ослободени од комуналии за објекти од јавен карактер.

– Практично со овие измени решаваме повеќедецениски проблеми на општините, кои досега не можеа да ги реализираат и да бидат ефективни бројни проекти. Го надминавме моментот од ослободување од комуналии, од причина што скопските општини со месеци наназад имавме проблем, чекавме објектите од јавен карактер да ни бидат ослободени од комуналии. Сега тоа е минато и сега сме целосно функционални, посочи Ѓорѓиевски.

На средбата било договорено да се формираат работни групи со цел да се направат измени и во Законот за експропријација, за да им се овозможи на општините поефикасна реализација на капиталните проекти.

– Се надевам дека и во наредниот период, особено Законот за експропријација, ќе го разгледаме заеднички, тој е еден закон којшто доста долго не претрпел измени, а сѐ уште има простор да се доработи истиот. За тоа денеска се договоривме, ќе има составен тим од страна на Министерството, претставници од страна на ЗЕЛС, сѐ со цел да го надминеме и она што е проблем за општините години наназад, а тоа ќе значи одблокирување на процеси при реализација на значајни проекти, како што е моментално состајбата во Скопје. Знаете, имаме булевари, мостови и тн. кои што немаат завршница, посочи Ѓорѓиевски.

Прашан кога треба да легнат средствата на општинските сметки, тој рече дека во текот на денот треба да биде официјално објавено која општина кои проекти ги добива, додека префрлањето на парите зависи од динамиката на реализацијата на проектите.

– На 15-ти ќе има официјална објава, која општина кои проекти ги добива и тоа ќе биде јавно достапно, тоа е денес. Мислам дека во текот на денот ќе ги добиеме сите информации од јавен карактер, поврзани со сите проекти и во наредниот период на начин како што ќе се одвива динамиката на реализацијата, така ќе легнуваат и парите за исплата према оние оператори кои што би работеле на реализацијата на проектите, така што верувам дека динамиката ќе биде поврзана и со начинот на реализација, вели Ѓорѓиевски.

Нагласи дека средствата нема да бидат наменети за непродуктивни трошоци и раздолжување на општините, туку за како што рече, решавање на повеќедецениски проблеми на граѓаните.

– Распределбата на средствата одат наменски за реализација на капитални проекти. Ова не се средства за раздолжување на општините, ова не се средства што ќе завршат за набавка на нови возила за градоначалниците и за непродуктивни трошоци, туку ова се средства за реализација на проекти кои што се повеќедецениски проблеми за нашите граѓани, подвлече Ѓорѓиевски.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Град СкопјеЃорѓиевскиНиколоски

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk