ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Новосаѓани го застанаа градот 14 минути барајќи одговорност за несреќата на железничката станица

November 15, 2024 17:24
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Нови Сад денеска во 11 часот и 52 минути застанаа во знак на солидарност со семејствата на четиринаесетте жртви пред две недели во Нови Сад и побараа одговорност за уривањето на настрешницата на Железничката станица, јави дописникот на МИА од Белград.

Пратениците на парламентарната опозиција на Собранието на Србија им се придружија на Новосаѓани, кои пред зградата на Парламентот во Белград развија црно знаме и 14 минути молчејќи стоеја на улица.

На акцијата за оддавање почест за настраданите од 11:52 до 12:06 часот повика новосадската опозиција, која наведе дека ги повикала граѓаните на индивидуален протест и граѓанска непослушност, бидејќи Обвинителството се уште не именувало никого како осомничен за трагедијата на железничка станица.

– Нека застане цел Нови Сад барем за тие 14 минути, се вели во заедничкото соопштение на девет опозициски партии и граѓански движења.

Граѓаните застанаа на 14 минути и во автомобилите, како и пешаците. Повеќето од нив застанаа на главните раскрсници и во центарот на градот, како и на главните улици и булевари.

Тие се собраа и пред железничката станица, каде што се случи трагедијата. Таму беше развеан голем црн транспарент и беа пуштени 14 црни балони.

На „Кнез Михајлова“ помали групи граѓани симболично им оддадоа почит на жртвите, застанувајќи на улица.

Акцијата започна во 11 часот и 52 минути во моментот кога на 1 ноември се случи трагедијата во Нови Сад.

Tags: Нови Садпротести
Next Post

Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо

Shortcut

Најново

(ФОТО) „Удри на спорт, не удирај по врсниците“: Боксерски вреќи низ Скопје како уметнички крик против насилството кај младите

June 12, 2026

Алиу: Реформите во здравството добиваат европска рамка со приклучувањето кон програмата EU4Health

June 12, 2026

(ВИДЕО) Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори

June 12, 2026

Оркестарот на Филхармонија со изведба на „Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк во Скопје

June 12, 2026

Мисајловски на одбележување на Денот на Воената академија – Создаваме врвен офицерски кадар способен да одговори на современите безбедносни предизвици

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk