ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шпанската ПП ја условува поддршката за избор на новата ЕК со смена на Рибера Родригез

November 18, 2024 12:06
in ДЕНЕС, СВЕТ

Шпанската опозициска Народна партија (ПП) најави дека нема да го поддржи изборот на новата Европска комисија, доколку дел од неа биде и актуелната министерка за еколошка транзиција на Шпанија, Тереза Рибера Родригез, која е предложена за извршна потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност.

– Не е можно Народната партија да поддржи Комисија на ЕУ од која дел би била Тереза Рибера, по сето она што се случи во овие две недели, изјави портпаролката на делегацијата на ПП во Европскиот парламент, Долорес Монсерат во видео порака објавена на социјалните мрежи.

Монсерат додаде и дека за ваквиот свој став да не гласа за изборот на новата Комисија на Урсула фон дер Лајен, ПП има поддршка и од лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер.

ПП, која е дел од ЕПП, ја посочува Рибера Родригез како најодговорна за „лошиот начин“ на кој шпанската Влада се справи со големите поплави во регионите Валенсија и Кастиља – Ла Манча, кон крајот на минатиот месец, во кои загинаа околу 220 лица.

Процесот на одобрување на новата Европска комисија е заглавен во Европарламентот, откако двете најбројни пратенички групи – ЕПП и Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), на која и припаѓа Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на Рибера Родригез, не можат да постигнат договор околу поддршката на сите кандидати за членови на ЕК.

СД минатата недела најави дека нема да ги поддржат номинациите на кандидатот за извршен потпретседател на ЕК за кохезија и реформи и за еврокомесар за кохезивна политика, регионален развој и градовите, Италијанецот Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), како и на предложениот еврокомесар за здравство и благосостојба на животните, Унгарецот Оливер Вархеји, близок до екстремно десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ).

Најавата на СД уследи откако ЕПП изрази резерви околу поддршката за Шпанката, Рибера Родригез, на чиј избор особено се противи шпанската ПП. Ваквата постапка беше оценета како обид за префрлање на политичката криза од Мадрид во Брисел, а во исто време шпанските социјалисти ја обвинија ПП за „антипатриотско“ однесување.

За излез од ќорсокакот околу изборот на новата ЕК, Mонсерат му предложи на шпанскиот премиер Педро Санчез да номинира нов кандидат за шпански еврокомесар.

– Ќе видиме дали европратениците сакаат со својот глас да поддржат потпретседателка која има проблем со управувањето и јавна одговорност за загубените животи на 220 Европејци во Валенсија и Кастиља – Ла Манча, рече Монсерат.

Но, од друга страна ЕПП засега не бара замена на Рибера Родригез, но инсистира таа да даде објаснување пред Парламентот, како и да се обврзе дека ќе поднесе оставка доколку се најде на суд под обвиненија за „лошо менаџирање со катастрофалните поплави“.

Застојот во одобрувањето на шесте кандидати за потпретседатели на ЕК и на Вархеји го блокира изборот на новата Комисија во Европскиот парламент и доколку во текот на оваа недела не се најде излез од сегашниот ќорсокак се доведува во прашање изборот на новото извршно тело на ЕУ до крајот на месецов и преземањето на должностите од страна на новите еврокомесари на 1 декември.

Потврдувањето на номинациите на кандидатите за членови на ЕК требаше да заврши минатиот понеделник, но беше одложено во договор меѓу лидерите на ЕПП, СД и либералната група „Да ја обновиме Европа“, со цел, како што беше образложено, да се обезбеди „сеопфатен пакет за сите номинирани“.

Според планот, по повредувањето на номинациите на сите кандидати за еврокомесари од страна на ресорните комитети на ЕП, Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, на 21 ноември би требало да изврши конечна евалуација на номинациите и да го прогласи процесот на сослушување на кандидатите за еврокомесари за завршен и да овозможи европратениците на 27 ноември во рамки на пленарното заседание во Стразбур да гласаат за избор на Европската комисија во пакет. За да биде избрана, новата Европска комисија треба да добие мнозинство гласови на пратениците што ќе гласаат.

Next Post
Фото: ЕПА / МИА

Борел: За да биде политичка сила, ЕУ мора да биде единствена и да не чека на одлуките на САД

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025
Скриншот

Вработени во ФЕМА се суспендирани за критики кон администрацијата на Трамп

August 27, 2025

Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци, се прибираат траги и докази

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk