ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Борел: За да биде политичка сила, ЕУ мора да биде единствена и да не чека на одлуките на САД

November 18, 2024 12:08
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако сака да покаже дека е политичка сила, Европската Унија мора да остане единствена и мора да дејствува, а не да чека за да реагира на одлуките на САД, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на шефови на дипломатии, на кои главни теми се состојбите во Украина и на Блискиот Исток и односите на блокот со САД.

– На почетокот на мојот мандат мораше да научиме да го користиме јазикот на моќта. Тоа денес важи уште повеќе отколку пред пет години, но за да го користите јазикот на моќта и за да покажете дека имате моќ, мора да сте единствени. Ако не сте единствени не можете да покажете моќ. Ние не бевме единствени многу пати досега. Не можете да се преправате дека сте политичка сила ако ви требаат денови, недели и месеци за носење на некоја одлука за дејствување, изјави Борел.

Тој нагласи дека негов апел до министрите за надворешни работи на ЕУ е да покажат единство во носењето одлуки, бидејќи Русија нема да запре со војната, ако тие размислуваат за тоа, туку треба да донесат одлука за поддршка на Украина.

– Секогаш кога ни требаше премногу време да донесеме одлука за поддршка на Украина, секогаш кога се двоумевме дали треба да направиме нешто или не, војната продолжуваше да се шири. Украинскиот народ има потреба од поголема поддршка. Мораме да ја обезбедиме таа поддршка, да престанеме да дискутираме и почнеме да дејствуваме побрзо, рече Борел.

За телефонскиот разговор на германскиот канцелар Олаф Шолц со рускиот претседател Владимир Путин, Борел рече дека не знае за што разговарале.

– Сигурен сум дека тоа е во рамки на напорите за континуираната поддршка на Украина. Моја работа е да продолжам со поддршката за Украина и ништо друго освен тоа. Не ми пречи и не се грижам кој со кого разговара. Моја работа е да направам Советот за надворешни работи да ги следи одлуките што ги донесовме и што ги усвои Европскиот совет за поддршка на Украина за да можат Украинците да можат да пружат отпор, рече Борел.

Запрашан дали тој лично би разговарал со Путин, Борел кусо одговори: „Мислам дека не“.

Тој додаде дека на повиците на мировни преговори, Путин одговара со зголемени напади со дронови врз комуникациската и цивилната инфраструктура во Украина, особено на електроенергетската, со што остава впечаток дека воопшто не сака да преговара.

Во однос на состојбата на Блискиот Исток, Борел рече дека веќе се истрошени сите зборови што може да ги каже за случувањата во регионот, посочувајќи на податоците на ОН дека од почетокот на конфликтот во Газа се убиени околу 40.000 лица, од кои 70 отсто се жени и деца, при што најчести жртви се деца на возраст под девет години.

Борел најави дека на министрите ќе им претстави предлог кој би можел да биде усвоен врз основа на Договорот за асоцијација со Израел поврзан со кршењето на човековите права, како и за исполнување на посветеноста на ЕУ да не се тргува со стоки произведени на окупираните територии врз основа на одлуките на Меѓународниот суд на правдата.

Претходно беше најавено дека Борел ќе предложи прекин на политичкиот дијалог во рамки на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, врз основа на оценките дека израелската страна ги крши човековите права и не го почитува меѓународното хуманитарно право.

Високиот претставник нагласи дека на заседанието на Советот ќе се разговара и за односите на ЕУ со САД, врз основа на новата „ситуација создадена“ по минатонеделните американски претседателски избори.

– Се соочуваме со сосема поинаков политички пејзаж. Европејците треба да бидат подготвени да дејствуваат, без да чекаат да реагираат на одлуките на САД, порача Борел.

Тој додаде дека на средбата ќе стане збор и за состојбите во Грузија по парламентарните избори одржани на крајот на минатиот месец, при што ќе предложи запирање на поддршка од ЕУ за програмите на грузиската Влада. Според него,  овие средства евра во износ од околу 100 милиони би требало да бидат замрзнати и пренасочени кон граѓанското општество во земјата наместо за грузиската Влада, која, како што рече, ќе мора да го промени своето однесување и да се врати на европскиот пат.

Tags: БорелЕУполитикаСАД
Next Post

Околу 1.500 луѓе загинаа во протестите во Бангладеш што доведоа до оставка на премиерката Шеих Хасина

Shortcut

Најново

Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk