ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Околу 1.500 луѓе загинаа во протестите во Бангладеш што доведоа до оставка на премиерката Шеих Хасина

November 18, 2024 12:09
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 1.500 луѓе загинаа за време на протестите со кои беше соборена бангладешката премиерка Шеих Хасина претходно оваа година, а околу 3.500 луѓе беа насилно киднапирани за време на нејзиното 15-годишно владеење, соопшти Мухамед Јунус, кој ја предводи привремената влада на земјата.

Пресметките на економистот и добитник на Нобеловата награда за мир, кој се очекува да организира избори, покажуваат повисоки бројки од претходните официјални бројки, според кои во студентските протести загинале околу 1.000 луѓе.

Протестите, кои почнаа во јули како движење предводено од студенти против системот на квоти при назначувањата во јавниот сектор, ескалираа во најсмртоносните немири откако Бангладеш стана независна земја во 1971 година, принудувајќи ја Хасина да побегне во соседна Индија.

– Секој ден се додаваат нови имиња на списокот на маченици, рече Јунус во обраќањето до нацијата по повод 100 дена од доаѓањето на власт на преодната влада. Тој вети дека ќе ги гони одговорните за насилството и ќе донесе правда за жртвите на, како што рече, „гневот на авторитарниот режим“.

Јунус рече дека комисијата што ги истражува исчезнувањата пронашла информации за 1.600 случаи до октомври, но дека вкупниот број може да достигне повеќе од 3.500 луѓе.

Тој потврди дека неговата влада има намера да бара екстрадиција на Хасина од Индија.

– Ќе ги гониме сите злосторства извршени во последните 15 години, рече Јунус, додавајќи дека владата прави напори одговорните за исчезнувањата и убиствата да ги изведе пред меѓународните правосудни институции.

Тој додаде дека откако ќе се спроведат изборните реформи, ќе биде претставена патоказот за следните парламентарни избори во земјата со 170 милиони жители.

Политичките партии, вклучително и Националната партија на Бангладеш, предводена од поранешниот премиер Халеда Зија, сакаат преодната влада да излезе со јасен план за наскоро одржување парламентарни избори.

Во септември врховниот командант на армијата генерал Вакер уз Заман, кој одби да ја поддржи Хасина за време на протестите, изјави дека демократијата во земјата треба да се врати за една година до година и половина, но повика на трпение.

Tags: Бангладешзагинатипротести
Next Post
Фото: НОБ

Операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 23 ноември во Националната опера и балет

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk