ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фон дер Лајен: Илјада дена по почетокот на руската агресија ЕУ ветува дека ќе продолжи со поддршката за Украина

November 19, 2024 12:41
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ

Украина може да биде сигурна дека европската и западната поддршка ќе продолжат со 50 милијарди евра од ЕУ до 2027 година и уште 50 милијарди долари од земјите од Г7 и од Унијата до 2026 година, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во изјава по повод 1000 дена од почетокот на руската агресија врз Украина.

– Пред 1000 дена Русија се обиде да ја избрише Украина од мапата. По 1000 дена Русија не успеа во тоа поради отпорот на Украина и жртвата на Вашите херои. Денеска е ден на жалост, но и ден на ветување. Ветуваме дека ќе останеме покрај вас, онолку долго колку што е потребно, истакна Фон дер Лајен во видео пораката по повод „1000 дена украински отпор“.

Таа потсети на одлуката на ЕУ за користење на приходите од замрзнатите руски средства за поддршка одбранбеното производство во Украина и за поправка на украинската енергетска инфраструктура пред почетокот зимата.

– Русија треба да плати за 1000-та дена злосторства и уништување, наведе Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК најави и дополнителни 65 милиони евра за поддршка за иницијативата на првата дама на Украина, Олена Зеленска за обезбедување на училишни оброци за украинските деца.

– Иднината на една земја започнува со нејзините деца. Русија сака да ја украде иднината на Украина. Тоа нема да го дозволиме. И гарантирањето на правото на образование на децата и обезбедувањето топол оброк во училиштата, исто така претставува форма на отпор, додаде Фон дер Лајен.

Во пораката таа посочи дека претстојната зима „може да биде страшна“, но дека во такви „бурни денови се појавуваат вистинските пријатели“.

– А Европа е вашиот вистински пријател. Знаеме дека еден ден, не толку далечен, ќе бидете дел од нашата Унија. Вашиот напредок кон придружувањето е импресивен, уште повеќе што го остварувате додека водите војна за опстанок. Јас сум убедена дека можеме да преминеме во следната фаза од нашите преговори. Иднината на Украина е во нашата Унија. Вашата слобода е наша слобода. А нашата Унија е вашиот дом. Да живее Европа. Слава Украини, потенцира Фон дер Лајен во пораката до Украинците по повод 1000 дена по почетокот на руската агресија врз Украина.

Next Post

Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работа, вели Мицкоски

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk