Високиот член на Хезболах Махмуд Кмати денеска изјави дека секој договор за прекин на огнот со Израел, постигнат со посредство на САД, мора брзо да ги прекине борбите и да го зачува суверенитетот на Либан.
Изјавата на Кмати се смета за одговор на ставот на Израел дека ќе продолжи со нападите врз Хезболах дури и во случај на прекин на огнот.
Во интервју за телевизијата на Хезболах, Ал-Манар, Кмати истакна дека не е ниту преголем оптимист ниту претерано песимист за можностите за постигнување примирје.