ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Арсовска: Небулозно е образложението од Бирото за јавни набавки за поништената набавка на гориво

November 21, 2024 18:09
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска како небулозно го оценува образложението на Бирото за јавни набавки за поништената набавка на гориво еуродизел за автобусите на ЈСП „Скопје“ и вели дека не може да се зборува за подобра или полоша понуда за набавка на гориво, во ситуација кога цената е регулирана од страна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

-Она што беше дадено како образложение во јавноста, односно како причина за (поништување н.з.) на самата набавка за нас е небулозно затоа што не можете вие да имате подобра или полоша понуда за набавка на гориво каде што цената е регулирана од страна на Регулаторната комисија на Република Македонија. Таа е иста цена за сите, не може да биде поголема или пониска, не може да се наддава на таа цена затоа што цената е веќе одредена од Регулаторната комисија за енергетика, рече скопската градоначалничка во интервју за ТВ Телма.

Арсовска забележува дека директорката на Бирото за јавни набавки ја донела сега одлуката за поништување на набавката и тоа што имала замерка е што само една комапнија дала понуда.

-Има замерка на тоа дека една компанија дала понуда, што е нормално, сите ги гледаат притисоците, ретко кој се охрабрува во претпријатие што е таков загубар да го снабдува со енергенс, и кога веќе се осмелил сметам дека е не само политички и неумесно, туку и штетно да се прават сега такви работи, вели Арсовска.

Ситуацијата со автобусите е таква поради опструкциите кои, како што вели, постојано и ги прави советот чие мнозинство е од редовите на власта и на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопската градоначалничка Арсовска во интервјуто обвини дека мнозинството во Советот на Град Скопје одбива да ја гласа иницијативата за набавка на нови автобуси која досега се најде на дневен ред на 25 седници на Советот, но не доби поддршка. Според неа, тоа е така бидејќи до сега биле навикнати на носење тендери во четири очи.

Tags: Биро за јавни набавкиДанела Арсовска
Next Post

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk