- ЕБОР овозможува ЕУР 4 милиони за кредитирање на домаќинствата во С. Македонија
- Целта на кредитот е подобрување на зелените стандарди, намалување на емисиите на јаглероден диоксид и подобрување на квалитетот на живот во С. Македонија
- Поддршката од Европската Унија и Јапонија со грантови ќе овозможат инвестициите на домаќинствата да бидат попристапни
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската Унија (ЕУ) и Јапонија го подржуваат зеленото финансирање во Северна Македонија со нови средства за НЛБ Банка АД Скопје.
Кредитот на ЕБОР од 4 милиони евра, доделен на НЛБ Банка АД Скопје, ќе ги поддржи инвестициите во енергетска – ефикасност за домаќинствата, станбените заедници, производителите и давателите на услуги. Покрај кредитите, клиентите ќе добијат и поврат на средствата од грантот доделен од Европската Унија (ЕУ) и Јапонија, во износ до 20 отсто од целата инвестиција.
Договорот за кредит го потпишаа Матео Колангели, регионален директор за Западен Балкан на ЕБОР и Тони Стојановски, главен и извршен директор, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.
,,Овој кредит ќе ја овозможи транзицијата кон зелена енергија преку финансирање на надградбите на енергетска ефикасност во станбените згради кои се најголеми потрошувачи на енергија во земјата. Партнерството со локалните финансиски институции како НЛБ Банка АД Скопје е основа за успех на ваквите иницијативи, бидејќи ги зајакнува локалните финансиски еко-системи и обезбедува услови финансирањето да стигне до населението на поефикасен начин. Овој проект не само што промовира зелена и одржлива иднина на Северна Македонија, туку носи и директни бенефити на граѓаните преку намалување на сметките за електрична енергија и подобрување на животите на сопствениците на домовите”, изјави Матео Колангели.
Овој кредит на НЛБ Банка е под Програмата за финансирање на зелената економија за Западен Балкан на ЕБОР (EBRD’s Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF) и ќе ги поддржи со високите перформанси на зелените технологии, материјалите и решенијата за станбените објекти и згради во приватна сопственост.
„Среќни сме што ја продолжуваме соработката со Европската банка за обнова и развој и што партнерски го унапредуваме зеленото кредитирање, овозможувајќи полесен пристап на домаќинствата до поволни средства за финансирање на проекти кои придонесуваат за енергетска ефикасност и заштита на животната средина, а кои пак се значаен столб на нашата политика за одговорно кредитирање. Оваа соработка ја нагласува нашата заедничка визија за одржлива иднина и поттикнување на зелената транзиција во финансискиот сектор“, изјави Тони Стојановски.
Инвестициите во опрема која заштедува енергија, како што е изолацијата, прозорците, топлотните пумпи и соларните панели, ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови, ќе ги намалат трошоците за енергија и ќе го подобрат квалитетот на живеење на станарите. Исто така, ќе помогнат во справување со високата потрошувачка на енергија и емисиите на јаглерод на станбениот сектор во земјата.
Кредитот ќе го олесни пристапот за транзиција на зелената енергија на Банката, со поддршка на Фондот за соработка Јапонија-ЕБОР и ЕУ, преку Инвестициската рамка за Западен Балкан .
Во помалку од седум години, над 18,000 домаќинства од Западен Балкан инвестираа над100 милиони евра во мерки за заштеда на енергијата, како изолација, топлотни пумпи, нови прозорци и соларни панели, благодарение на Програмата за финансирање на зелената економија за Западен Балкан на ЕБОР која беше промовирана во 2017 година.
Оваа Програма е поддржана од ЕУ преку Заедничкиот европски фонд за Западен Балкан (European Western Balkans Joint Fund – EWBJF) преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework–WBIF), а како дел од Програмата за регионална енергетска ефикасност (Regional Energy Efficiency Programme), како и билатералната донаторска поддршка.
Преземено: Цивил Медиа