ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕБОР, ЕУ и Јапонија со поддршка на инвестиции за заштеда на енергија во Северна Македонија

November 21, 2024 13:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter
  • ЕБОР овозможува ЕУР 4 милиони за  кредитирање на домаќинствата во С. Македонија
  • Целта на кредитот е подобрување на зелените стандарди, намалување на емисиите на јаглероден диоксид и подобрување на квалитетот на живот во С. Македонија
  • Поддршката од Европската Унија и Јапонија со грантови ќе овозможат инвестициите на домаќинствата да бидат попристапни

 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската Унија (ЕУ) и Јапонија го подржуваат зеленото финансирање во Северна Македонија  со нови средства за НЛБ Банка АД Скопје.

Кредитот на ЕБОР од 4 милиони евра, доделен на НЛБ Банка АД Скопје, ќе ги поддржи инвестициите во енергетска – ефикасност за домаќинствата, станбените заедници, производителите и давателите на услуги. Покрај кредитите, клиентите ќе добијат и поврат на средствата од грантот доделен од  Европската Унија (ЕУ) и Јапонија, во износ до 20 отсто од целата инвестиција.

Договорот за кредит го потпишаа Матео Колангели, регионален директор за Западен Балкан на ЕБОР и Тони Стојановски, главен и извршен директор, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

,,Овој кредит ќе ја овозможи транзицијата кон зелена енергија преку финансирање на надградбите на енергетска ефикасност во станбените згради кои се најголеми потрошувачи на енергија во земјата. Партнерството со локалните финансиски институции како НЛБ Банка АД Скопје е основа за успех на ваквите иницијативи, бидејќи ги зајакнува локалните финансиски еко-системи и обезбедува услови финансирањето да стигне до населението на поефикасен начин. Овој проект не само што промовира зелена и одржлива иднина на Северна Македонија, туку носи и директни бенефити на граѓаните преку намалување на сметките за електрична енергија и подобрување на животите на сопствениците на домовите”, изјави Матео Колангели.

Овој кредит на НЛБ Банка е под Програмата за финансирање на зелената економија за Западен Балкан на ЕБОР (EBRD’s Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF) и ќе ги поддржи со високите перформанси на зелените технологии, материјалите и решенијата за станбените објекти и згради во приватна сопственост.

„Среќни сме што ја продолжуваме соработката со Европската банка за обнова и развој и што партнерски го унапредуваме зеленото кредитирање, овозможувајќи полесен пристап на домаќинствата до поволни средства за финансирање на проекти кои придонесуваат за енергетска ефикасност и заштита на животната средина, а кои пак се значаен столб на нашата политика за одговорно кредитирање. Оваа соработка ја нагласува нашата заедничка визија за одржлива иднина и поттикнување на зелената транзиција во финансискиот сектор“, изјави Тони Стојановски.

Инвестициите во опрема која заштедува енергија, како што е изолацијата, прозорците, топлотните пумпи и соларните панели, ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови, ќе ги намалат трошоците за енергија и ќе го подобрат квалитетот на живеење на станарите. Исто така, ќе помогнат во справување со високата потрошувачка на енергија и емисиите на јаглерод на станбениот сектор во земјата.

Кредитот ќе го олесни пристапот за транзиција на зелената енергија на Банката, со поддршка на Фондот за соработка Јапонија-ЕБОР и ЕУ, преку Инвестициската рамка за Западен Балкан .

Во помалку од седум години, над 18,000 домаќинства од Западен Балкан инвестираа над100 милиони евра во мерки за заштеда на енергијата, како изолација, топлотни пумпи, нови прозорци и соларни панели, благодарение на Програмата за финансирање на зелената економија за Западен Балкан на ЕБОР која беше промовирана во 2017 година.

Оваа Програма е поддржана од ЕУ преку Заедничкиот европски фонд за Западен Балкан (European Western Balkans Joint Fund – EWBJF) преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework–WBIF), а како дел од Програмата за регионална енергетска ефикасност (Regional Energy Efficiency Programme), како и билатералната донаторска поддршка.

Преземено: Цивил Медиа


НЛБ Банка АД Скопје е универзална комерцијална банка и е третата банка по големина на пазарот во земјата.
ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 196 проекти во земјата.
Next Post

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk