ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕБОР ги собра регионалните партнери: Регионална конференција „Млади во бизнисот“ организирана во Црна Гора

November 22, 2024 14:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
  • На конференцијата се прославуваа достигнувањата на Програмата Млади во бизнисот од Западен Балкан
  • До денес ЕБОР има потпишано 30 милиони евра кредити со партнерските финансиски институции
  • 19,3 милиони двра за натамошно кредитирање на микро, мали и средни претпријатија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одржа конференција во Херцег Нови, Црна Гора, на која се собраа партнерските банки, донаторите, партнерите во еко-системите и другите релевантни ентитети, со цел се зајакне поддршката на микро, малите и средните претпријатија на Западен Балкан, кои се во сопственост или се управувани од млади под 35 години. Конференцијата беше организирана како дел од водечката Програма Млади во бизнисот на ЕБОР (Youth in Business programme), поддржана од Европската Унија, Шведска, Луксембург и Италија преку Централно Европската Иницијатива.

ЕБОР се обврза да обезбеди 100 милиони евра за финансиските институции во шест економии на Западен Балкан, наменети за поддршка на младите претприемачи. До денес Програмата Млади во бизнисот овозможи 30 милиони евра во кредитни линии, за натамошно кредитирање на младите претприемачи, со дополнителни 17 милиони евра, финансирање наменето за следните неколку месеци. До денес се искористени над 1.700 кредити, во вредност од 19.3 милиони евра.

На дискусиите на конференцијата беа претставени успешните приказни, како и предизвиците со кои се соочуваат сите учесници, и начините за подобрување на понудата  во идната имплементација на Програмата.

ЕБОР ги презентираше локалните финансиски институции од Западен Балкан кои учествуваа во Програмата, и додели награди за прославување на поддршката и вклученоста на младите.

Поддршката на МСМП претпријатија управувани од младите е неопходна за поттикнување на регионалниот одржлив раст. Младите претприемачи, и покрај иновативноста, често пати имаат проблеми со обезбедување на витални кредитни линии и експертиза, потребни за унапредување на нивните бизниси. Програмата Млади во бизнисот, ги премостува јазовите кои постојат на пазарот, нудејќи им на младите претприемачи интегриран пакет на финансиска поддршка и советодавни услуги.

Покрај финансирањето, оваа иницијатива им нудат на младите сопственици на бизниси и менаџери, директно партнерство, обезбедувајќи обука, советодавни услуги и можности за вмрежување преку Програмата за Советодавни услуги за мали бизниси на ЕБОР (Advice for Small Businesses), креирана за зајакнување на лидерските капацитети, вештини и деловно работење.

Партнерските финансиски институции, имаат корист и од техничката помош, за подобра поддршка и одговор на потребите во сегментот на пазарот наменет за младите.

Александра Вукосављевиќ, Директор, Финансиски институции, Западен Балкан и Источна Европа, ЕБОР изјави: ,,Младите претприемачи се на чело на постојано еволвирачкиот деловен пејзаж, и се шампиони во дигитализацијата, одржливоста и инклузијата. Нивните идеи ги менуваат нашите стопанства. Ни претставува задоволство што ги собравме на едно место клучните учесници на Програмата Млади во бизнисот, за да размениме идеи, стратегии и поддршка на МСМП претпријатија со неопходното финансирање и техничка експертиза”.

Tags: ЕБОРРегионална конференција
Next Post

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk