Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола ја повика Германија брзо да започне со испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ за Украина, објави денеска „Тагешау“.
Таа рече дека за тоа има широка поддршка во Европскиот парламент, како и дека Украина не може да чека вечно, со оглед на засилените напади од Русија.
На прашањето дали по САД и земјите од ЕУ треба да дозволат употреба на ракети со долг дострел против цели во Русија и дали Германија ќе мора да го испорача ракетниот систем „Таурус“, Мецола на новинарите им одговори потврдно, наведувајќи дека тоа е ставот на ЕП.
„Да, тоа е и ставот на Европскиот парламент. Има широка поддршка за ова барање“, рече Мецола.
Таа наведе дека Украина „не може да продолжи да чека вечно“, бидејќи избори се одржуваат во западната земја, односно во Германија, додека „во Украина секој ден гинат луѓе во војната“.