ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Притвор за министерот Весиќ, Јелена Танасковиќ и други 11 осомничени за несреќата во Нови Сад

November 23, 2024 11:02
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, по распит на 12 осомничени за несреќата на железничката станица во тој град, донесе наредба за спроведување истрага и поднесе предлог за приведување на 13 од нив, меѓу кои и едно лице кое е во странство, јави дописникот на МИА од Белград.

Меѓу нив се и министерот во оставка Горан Весиќ, поранешната министерка и в.д директорката на Железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ, како и поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан.

За сите нив е предложен притвор за да не се мешаат во постапката со влијание врз сведоци и соучесници, за да не го повторат делото, како и поради вознемирување на јавноста.

Според осомничената Ј.С.М., покрај наведените основи, а поради тоа што е недостапна за органите на прогонот, по неа е предложено да се распише и потерница.

– Осомничените Ј.Т, Г.В, А.Д. и Н.Ш. сториле кривично дело тешко дело против општата сигурност од Кривичниот законик во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност, а осомничените С.Н, М.Ј, Љ.М.М, М.С, Д.Ј, М.Г, З.С.М, Ј.С.М. и Д.Т. сториле кривично дело тешко дело против општата сигурност од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно изведување градежни работи, се вели во соопштението на ВЈТ.

Вишиот суд во Нови Сад претходно и одреди притвор до 30 дена на Љ. М.М. Порталот Нова економија пред два дена објави дека меѓу уапсените е и Љиљана Милиќ Марковиќ, која е потпишана како Главен проектант. Таа воедно е предавач на Архитектонско-градежниот и геодетски факултет во Бања Лука.

Уапсен е и Слободан Наумовиќ од Сообраќајниот институт ЦИП, проектантот на изградбата на реконструкцијата и адаптацијата на зградата на станицата во Нови Сад.

Како што дознава Нова економија, уапсени се и Дејан Тодоровиќ и Марина Гавриловиќ, инженери вработени во француската компанија Ежис.

Тодоровиќ беше ангажиран на функцијата Надзорен орган за инфраструктурни објекти на службени места, а Гавриловиќ беше Надзорен орган за архитектура на делницата 1, која ја опфаќа Железничката станица во Нови Сад.

Српскиот огранок на францускиот Ежис изврши директен надзор над работите на Железничката станица.

Засега никој не е уапсен од компанијата Проект Биро Утибер, српската филијала на истоимената унгарска компанија и главен член на конзорциумот кој ја доби работата да ја надгледува работата на целиот железнички проект од Белград до границата со Унгарија.

Според дел од српските медиуми министерот во оставка Весиќ од вчера стапи во штрајк со глад.

Во трагедијата што се случи на 1 ноември, кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, загинаа 15 лица, а двајца сè уште се во критична состојба.

Tags: ВесиќНови Сад
Next Post

Расел ќе стартува од првата позиција на Големата награда на Лас Вегас во Ф1

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk