ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

(ВИДЕО) Марсовци се борат против корупција во Македонија, активистичко-уметничка акција на ЦСУ

November 26, 2024 10:10
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Фото: ЦСУ

Фото: ЦСУ

Share on FacebookShare on Twitter

Центар за современи уметности Скопје со активистичко-уметничка акција за „борбата“ со корупцијата.

„Вчера и утрово Центар за современи уметности Скопје (ЦСУ), во соработка со сојузот на уметници, активисти и волонтерски антикорупционери од планетата Марс извршивме скенирање на нивоата на корупција во РСМ односно во неколку клучни  институции. Нашите почитувани гости кои го вршеа мерењето беа вчудоневидени и загрижени како е можно воопшто да функциоинираме со толкави ниво на корупција и истакнаа дека земји со вакво ниво на корупција имаат сретнато само на сончевииот систем  зулу 456 (преведено значи систем неисполнето ветување)  која се наоѓа на 46.74.98 степени и 784 светлосни години од соѕвездието ZH213/dc9b727/3 или за нас познато како соѕвездие Магеланов облак“, соопштуваат од ЦСУ.

Оттаму истакнуваат дека „оваа активност заедно со нашите колеги Марсовци ја спроведовме бидејќи е се поочигледно  дека состојбата со нивото на корупција во Македонија  е загрижувачка, а според некои анализи на оргнаизациите кои ја истражуваат оваа тема дури една четвртина од јавните пари во нашата земја е дел од различни коруптивни шеми, што со оглед на фактот дека буџетот на РСМ за 2025 ќе биде 6.5 милијадри евра значи дека корупцијата и во наредниот период скапо ќе не чини“.

„Во разговор со нашите колеги од Марс добивме резултати дека длабинското скенирање и скенирањето на повеќегодишните просеци на корупција покажуваат дека корупцијата е феноменот што ја придружува нашата земја од почетокот на независноста до денес и дека за тоа не е виновна ниту една влада засебно туку сите влади заедно во изминатите 30 и кусур години.  Згора на тоа според колегите од зелената планета   корупцијата била и е главниот проблем што го попречува градењето на правна и праведна  држава и градењето на европско општество кон кое ние но и интергалактичкиот совет на сончевиот систем се стремиме.
Препораките кои ги добивме од нашите Марсовски голеги за намалување на корупцијата се следниве:

  1. Сентенцата „Јас само да прашам“ додека се чека на шалтер е првиот чекот кон корупцијата и мајка на сите проблеми на граѓаните со институциите.
  2. Секоја работа која не може да се заврши за еден ден ќе се заврши за еден месец .
  3. Да не се правиме Итар пејо во комуникација со институциите бидејќи институциите се полни со „паши и апаши“.
  4. Кога влегуваме во институции гласно да ја пееме песната Мито бекријо која функционира како своевидна вакцина против мито и корупција.
  5. Ако некој ни побара мито да го удриме по глава со третиот камен од сонцето и да го пријавиме во антикорупциска комисија и МВР.
  6. Посериозно да ги сватиме препораките на ЕУ бидејќи тие се креирани во соработка со интергалактичкиот совет на нашата галаксија Млечен пат која пак најубаво се гледа од нашата опсерваторија во Кокино на 9ти декември односно 13 дена пред зимската краткодневица.
  7. На докторите да почнеме да им носиме шеќер бидејќи кафе имаат за до 2085 светлосна година.
  8. Да поченеме да купуваме подароци и за учителите за 8ми март или да престанеме да купуваме и за учителките.
  9. Наместо сваровски накит на судиите и обвинителите да им купуваме накит на своите сопруги, девојки и партнери односно  рибарски прибор на своите сопрузи и партнери.
  10. Да се избориме власта/државата  да треба да докаже дека ние не сме во право, наместо ние да докажуваме дека сме во право.
  11. Државата на шалтери да поставува исклучиуво административци со важечко лекрско уверение кои знаат барем најголем дел (мин.85%) од буквите од Кириличната и Латиничната азбука.
  12.  И најважно од се кога ќе се разбудиме сабајле да си кажеме себе си „Со силата на Бога, Хрисотс, Мухамед, Петокраката и универзумот можно е да има живот и вон партиите и свесно ќе се борам против корупцијата, нема да давам и да примам мито бидејќи моите внуци можеби ќе имаат шанса да живеат во нормална држава.

На крајот дозволете да додадеме дека по интензивно скенирање марсовците успеаа да пронајдат и некорумпирани или минимално корумпиурани институции (НБРМ, Министерство за одбрана, Државен завод за ревизија, Природонаучен музеј… ) и во знак на среќа  (како што се гледа и во видеото) го изиграа Марсовскиот танц кој на тие институции ќе им даде нова космичка енергија да продолжат професионално и совесно да си ја вршат својата работа и да служат на граѓаните“, нагласуваат од ЦСУ.

Од ЦСУ истакнуваат – Марсовците ќе бидат на располагање за снимање и изјави  утре во периодот од 11.30 до 13 30 на ваш повик.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: корупцијаЦСУ

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk