ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тројцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома

November 29, 2024 09:58
in ДЕНЕС, СВЕТ

Тројца американски државјани кои со години беа затворени во Кина, пристигнаа во САД како дел од размена на затвореници меѓу Вашингтон и Пекинг, јавија синоќа дел од американските медиуми.

Размената следеше по дипломатски договор меѓу САД и Кина.

Пекинг вчера објави дека САД дозволиле четири затвореници да се вратат во Кина, од кои најмалку тројца се кинески државјани. Кинеската влада не ги откри нивните имиња.

Тројцата Американци ослободени во размената се Марк Свидан, Каи Ли и Џон Леун, кои веќе пристигнаа во воената база во Сан Антонио, Тексас. Според некои извештаи, еден од нив бил доушник на Федералното биро за истраги (ФБИ).

-Многу сум среќен што се вратија дома,  изјави во меѓувреме претседателот Џо Бајден.

Од страна на владата на САД сите тројца беа прогласени за неправедно задржани. Свидан се соочуваше со смртна казна поради обвинение за трговија со дрога, додека Ли и Леун беа во затвор поради обвиненија за шпионажа.

Стејт департментот неделава го заостри предупредувањето за патувања во Кина од „трето ниво“ на „второ ниво“, советувајќи ги американските граѓани „да бидат особено претпазливи“ при патувањата во Кина.

Претходно, Стејт департментот препорачуваше Американците да се воздржат од патувања во Кина, делумно поради ризикот од неправедно задржување на американски граѓани.

Размената на затвореници се случи два месеца откако Кина го ослободи Дејвид Лин, христијански пастор од Калифорнија, кој помина речиси 20 години во затвор во Кина откако беше осуден за измама со договори.

Во август, САД извршија уште една историска размена на затвореници, но со Русија.

Како дел од таа размена беа ослободени американските новинари Алсу Курмашева и Еван Гершкович, поранешниот маринец Пол Вилан и Владимир Кара-Мурза, лидер на руската опозиција кој живее во САД.

Tags: КинаослободениТројца Американци
Next Post

Србија и Нови Сад и денеска во 11:52 часот застануваат за почит на жртвите во трагедијата

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk