Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар е во прекин за тешки моторни возила. Од 5:45ч. Поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопштуваат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Ресен, Крушево, Струга, Охрид, Делчево, Маврово, и на планинските превои Буково, Ѓавато, Пресека и Плетвар.
Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50м. на планинскиот превој Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Ј. Ѓ.