ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година, поднесени беа вкупно 307 амандмани од кои 204 од СДСМ

November 30, 2024 08:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за финансирање и буџет синоќа го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година.

По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по што, согласно законските рокови, треба да биде изгласан во Собранието до крајот на оваа година.

Се очекува седницата за носење на Буџетот за 2025 година да биде закажана во втората недела во декември.

Во вчерашното попладневно продолжение на седницата не беа прифатени амандманите на СДСМ, Левица и други опозициски пратеници, кои се однесуваа на различни области: социјална заштита, образование, иновации, претприемништво, земјоделство,… СДСМ, воедно, во текот на седницата повлече повеќе амандмани.

Амандманската расправа почна на 19 ноември. Поднесени беа вкупно 307 амандмани од кои 204 од СДСМ.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарда денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41 350 милиoни денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП. Инфлацијата се очекува да се намали на ниво од 2,2 процента како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, забавувањето на странската ефективна инфлација и поумерениот притисок од базичната инфлација. Извозот се очекува да има раст од 4,2 отсто, а увозот од 4,4 проценти како резултат на очекувањата за постепено стабилизирање на меѓународното опкружување и зголемувањето на надворешната побарувачка.

Tags: БуџетСобрание
Next Post
Фото: А. Ѓорѓиоска / Фронтлајн

Во прекин сообраќајот за тешки моторни возилана на патот Маврово-Дебар и Гостивар-Кичево преку Стража

EVN

НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Срамна партизација, хаос и културна деградација во режија на ВМРО-ДПМНЕ

February 2, 2026

Филмот „Срам и пари“ ја освои главната награда на Санденс!

February 2, 2026

(ВИДЕО) Прв поглед на трејлерот за култниот моден хит „Ѓаволот носи Прада 2“

February 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Томашевиќ: Нема да има дочек на хрватските ракометари во Загреб поради несогласувања околу настапот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 2 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп најави тужба за водителот на доделувањето на Греми наградите, Тревор Ноа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ќе испратат чекови за неколку минути“: Трамп тврди дека може да ја спаси ОН од банкрот со еден повик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски: Зголемен прагот на толеранција за брзината за системот Безбеден град

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk