ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ: Можност за пријавување кршење на човековите права достапна за граѓаните

December 1, 2024 13:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ ја подобри и реактивира онлајн платформата за пријавување кршење човекови права, која овозможува безбедно и доверливо пријавување случаи на дискриминација, полициска бруталност, закани, притисоци, уцени или насилство од страна на службени лица, политички партии или групи, информираат од ЦИВИЛ.

Оттаму појаснуваат дека Платформата е дизајнирана на тој начин што овозможува анонимност и доверливост, како и секогаш порано, овозможувајќи на граѓаните да пријавуваат без страв од последици. Граѓаните се охрабруваат да ги споделат своите искуства, што ќе помогне во следењето, документирањето и справувањето со повредите на основните човекови права, апелираат од ЦИВИЛ.

Како функционира

  1. Формуларот е на македонски и албански. Пријавата може да биде на било кој од тие јазици;
  2. Задолжителни полиња во формуларот се описот, локацијата и датумот на инцидентот / случајот што се пријавува;
  3. Доколку постојат, пожелно е да се прикачат докази, како фотографии или видеа.

Лични податоци не се бараат освен ако пријавувачот не избере да ги внесе за понатамошна комуникација со организацијата. Секој извештај се третира со највисоко ниво на доверливост, така што имињата на лицата што пријавуваат нема да бидат споделени со јавноста или со било која институција или медиумите.

Зошто пријавувањето е важно

Со пријавување на повредите, се помагаат напорите да се открие и разобличи неправдата и да се засили борбата за заштита на човековите права. Придонесот на секој поединец е клучен чекор за одговорност и правда.

Како да се пристапи до формуларот

Формуларот е достапен на овој ЛИНК. Повеќе информации за оваа иницијатива може да се најдат на медиумската платформа на ЦИВИЛ, ЦивилМедиа на македонски, Drejt на албански и CivilToday на англиски.

„Придружете ни се во борбата за правда и човековото достоинство. Заедно можеме да направиме разлика“, повикува организацијата која оваа акција ја обновува на волонтерска основа, без финансиска поддршка од било каков донатор.

ЦИВИЛ е организација за човекови права, демократија, еднаквост, правда и правичност, основана пред 25 години, во 1999 година, како изворна граѓанска иницијатива што потекнува од граѓанките и граѓаните. Во својата 25-годишна историја, ЦИВИЛ стана една од најпознатите организации во земјата подеднакво почитувана и поддржана од сите заедници во земјата, за што сведочат бројните изјави (линк) од видни личности во општеството и политиката.

Tags: онлајнплатформаЦИВИЛчовекови права
Next Post

Триесетина села во Пелагонија без струја

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk