ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хипер: Калас утре ќе се сретне со лидерите на Косово и на Србија

December 2, 2024 14:04
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН

Претставничката на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас утре ќе има средби со лидерите на Косово и Србија, најави денеска новата главна портпаролка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската комисија, Анита Хипер.

Таа појасни дека станува збор за билатерални средби, кои сами по себе, не се дел од процесот на дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води со посредство на ЕУ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти утре ќе престојуваат во Брисел на неформална работна вечера со новиот претседател на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, на која ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски.

Хипер воедно порача дека ЕУ го осудува нападот врз каналот за вода во северно Косово во петокот и дека одговорните за тој чин треба да бидат изведени пред лицето на правдата, посочувајќи дека тоа беше наведено и во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) за оваа прашање.

Во саботното соопштение на ЕЕАС се оценува дека „терористичкиот напад“ врз каналот во Зубин Поток во северно Косово претставува „одвратен чин на саботажа на критичната цивилна инфраструктура што обезбедува вода за пиење за значителен дел од населението и е витална компонента на енергетскиот систем на Косово“.

– Криминалната акција извршена во Зубин Поток мора да се истражи, а нејзините сторителите да се изведат пред лицето на правдата. Во овој поглед, ЕУ ги повикува сите засегнати страни да соработуваат целосно со косовските власти и ќе продолжи внимателно да ги следи случувањата, се наведува во соопштението на ЕЕАС.

На прашање дели Цивилната мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) ќе учествува во истражната постапка за овој случај, Хипер изјави дека ЕУЛЕКС нема мандат да спроведува истраги, туку дека тоа е во надлежност на косовските власти, но дека Мисијата, како и КФОР, ќе ја следи истрагата и ќе обезбедува поддршка.

Во соопштението на ЕЕАС од саботата беше посочено дека ЕУ им понудила поддршка на косовските власти и продолжува да ги координира следните чекори со релевантните партнери, вклучително и со КФОР, како и дека ЕУЛЕКС „обезбедува помош за косовските власти во согласност со неговиот мандат“.

Next Post

Поевтинуваат горивата

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk