Концертна вечер насловена „LIVE ON BROADWAY“ ќе се одржи вечер во 19:00 часот во Филхармонијата, со изведба на безвременски мелодии од најомилените мјузикли во историјата на Бродвеј.
На коцертот ќе настапат гостите од Бугарија, талентираниот изведувач Рафи Бохосјан, како и солистите на Државната опера во Русе – сопранистката Даниела Караиванова и драмскиот тенор Борис Луков, заедно со оркестарот и хорот на таа опера под диригентство на Вилијана Валчева.
Настанот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Бугарија.
Влезот за концертот е слободен.