ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Победникот на математичкиот натпревар UltiMATH, Дамјан Давков, доби 10.000 евра и 100% стипендија за Бреинстер НЕКСТ факултетот

December 2, 2024 13:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија го доби шампионот на најголемиот натпревар по математика за средношколци – UltiMATH. Првата награда, 10.000 евра, 100% стипендија за студирање на факултетот Бреинстер НЕКСТ и бројни сертификати, му припадна на средношколецот Дамјан Давков, соопштуваат UltiMATH.

Дамјан, како што потсетуваат од UltiMATH, не е непознат во светот на математиката. Со своето знаење и исклучителни математички вештини, тој досега има освоено бројни награди на домашни и на меѓународни натпревари, вклучувајќи и златен медал на Интернационална математичка олимпијада во Англија што се одржа во јули оваа година.

Второто место на UltiMATH го освои Алексеј Тасиќ, додека третото место му припадна на Ивано Божновски. И двајцата се наградени со 50% стипендија за студирање на факултетот Бреинстер НЕКСТ, ваучер за NU Колеџот за средношколци и други сертификати. Алексеј и Ивано, исто како и Дамјан, имаат значајно искуство, награди и признанија од голем број на натпревари, меѓу кои и бронзен медал за Алексеј и пофалница за Ивано на истата Интернационална математичка олимпијада.

Организаторите на UltiMATH, Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци кои се дел од Brainster Group, изразија задоволство од високото ниво на подготвеност, ентузијазам и посветеноста на сите учесници.

„Дамјан, Алексеј и Ивано се инспирација за сите млади во Македонија. Нивните успеси покажуваат дека со труд и посветеност може да се постигне врвност и ние сме среќни што UltiMATH е платформа која го овозможи тоа. Овој натпревар ја потврди важноста на математиката како алатка за размислување, решавање на проблеми и градење аналитички вештини“, изјави Петар Ниновски, основач на Brainster Group.

Дамјан Стојанов, Марко Серафимовски и Марко Митевски, кои се пласираа на 4, 5 и 6 место освоија 50% стипендија на факултетот Бреинстер НЕКСТ, ваучер за NU Колеџот за средношколци и бројни сертификати. Награди има и за финалистите кои беа рангирани на 7, 8, 9 и 10 место. Тие освоија ваучер за NU Колеџот за средношколци, серификат за учество на UltiMATH и сертификат за положен приемен испит на Бреинстер НЕКСТ факултетот.

„Не помалку важни се и останатите учесници на UltiMATH кои се пласираа меѓу 10-те најдобри натпреварувачи. Нивното знаење и посветеност заслужуваат поддршка, бидејќи тие имаат огромен потенцијал за понатамошен успех“, истакна Ниновски.

Тој додава дека сите 350 учесници покажаа дека иднината е светла, а дека улогата на образованието е клучна. Награда не изостана ниту за останатите 340 учесници кои добија сертификат за потврда за положен приемен испит за НЕКСТ и ваучер за NU Колеџот за средношколци.

Според анализа на податоците од учесниците, топ 25 натпреварувачи доаѓаат од 12 училишта од Македонија. Од нив, осум учесници се од „Математичко-информатичката гимназија“-Скопје, четири учесници се од „Јахја Кемал“-Скопје, по два учесника од „Nova International School“-Скопје, „Алгоритам“-Скопје и „Јосип Броз-Тито“- Битола. Од улилиштата „Орце Николов“-Скопје, „Раде Јовчевски-Корчагин“-Скопје, ОСТУ „Гостивар“ „Ѓорѓи Наумов“-Битола, „Љупчо Сантов“-Кочани, „Мирче Ацев“-Прилеп и „Славчо Стојменски“-Штип  имаа по еден учесник во топ 25 натпреварувачи.

„Сакам да упатам искрени честитки до сите училишта кои дадоа свој придонес во успехот на UltiMATH и чии ученици се пласираа помеѓу овие 350 учесници. Овие училишта се симбол на посветеност, квалитетно образование и поддршка за младите математички умови. Нивните ученици се пример за тоа што може да се постигне со упорност и напорна работа. Бреинстер ќе продолжи да вложува во нив за да ги мотивираме да ги следат своите интереси и таленти,“ истакна Ниновски.

Награда од 1.500 евра беше доделена и на ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ каде што ученик е првонаградениот Дамјан.

Натпреварот UltiMATH се одржа за прв пат оваа година, но идејата на организаторот е тој да прерасне во годишен натпревар. Предизвикот на UltiMATH го прифатија околу 2.500 средношколци од 28 градови од Македонија кои учествуваа во квалификациската рунда, што се одвиваше онлајн. Од нив, 350 продолжија во останатите 4 рудни на натпреварување што викендов се одржаа во Ист Гејт Мол.

UltiMATH доби поддршка од повеќе средни училишта во Македонија и од компании и организации, како Ист Гејт Мол, WVP Fund Management, iBorn, The Beetles, Горска, Urban FM, МОФ – Младински образовен форум и други. UltiMATH е поддржан и од Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities.

 

 

 

Tags: UltiMATHДамјан Давков
Next Post

Хипер: Калас утре ќе се сретне со лидерите на Косово и на Србија

НАЈНОВО

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

Белата куќа отвори официјален ТикТок профил во пресрет на можната забрана

August 20, 2025

Студија: Отпорноста на антибиотици предизвикува десетици илјади смртни случаи во Германија

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk