Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел е посветен на договорот за прекин на огнот со Хезболах, но предупреди дека тоа не значи дека војната е завршена.
Говорејќи на почетокот на седницата на владата во северниот пограничен град Нахарија, Нетанјаху предупреди дека Хезболах сериозно го прекршил договорот од понеделникот и дека Израел оттогаш нападнал повеќе од 20 цели низ Либан како одмазда.
-Во моментов сме во примирје, и забележувам, тоа е примирје, а не крај на војната, рече тој.
„Имаме јасна цел да ги вратиме нашите жители, повторно да го населиме северот на земјата. Овој прекин на огнот го спроведуваме со железна рака, дејствувајќи против секое негово прекршување, мало или сериозно“, нагласува израелскиот премиер во говорот пред министрите.