ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Стојановска: Очигледно има потфрлување во системот на образование во случајот со третоодделенецот

December 5, 2024 15:55
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

 Очигледно е дека има потфрлување во системот на образование, вели Мирјана Јовановска Стојановска, психолог и вонредна професорка во изјава за МИА во врска со случајот со третоодделенецот што ја бранува јавноста. Таа подвлекува дека се работи за основно прашање, за дете што ќе биде дел од нашата иднина, од општеството.

Професорката смета дека повеќето деца што се агресивни и несоцијализирани, се такви поради средината во која пораснале и живеат или поточно, нивниот начин, како тие ја доживуваат таа средина,  како одговараат на предизвиците што им ги дава средината.

Мерките што во моментов ги има во образованието, според неа, недоволно го третираат овој проблем, на несоодветен начин и би требало многу посериозно да се работи на тоа.

– Не да има само работилници, проекти, што одвреме – навреме ќе ги вклучат наставниците, психолозите, како да работат со булинг. Тоа треба да биде систематски направено, грижата за менталното здравје на учениците да биде континуирана уште од самиот почеток на образованието. Грижата за нивното ментално здравје треба да биде на многу повисоко ниво. Да се работи на превенцијата, откако претходно би имало измени во законските решенија за образование, истакнува таа за МИА.

Според неа, стручна екипа треба да се посвети на детето, да се определат точните причини за неговото однесување, да се работи на промена на неговото однесување. Притоа нагласува дека децата не се раѓаат такви. Сите треба, вели, да се вклучат, во неговата повторна социјализација. Таа додава дека заеднички на случајот треба да поработат Центарот за социјални работи, Министерството за образование, Комората на психолози и да дојдат до заедничко решение.

– Проблематичните деца се одраз на возрасните. Надлежните да се посветат на тоа и да направат позитивни промени, порачува таа.

Од  Министерството за образование и наука информираа дека е формирана интердисциплинарна комисија која треба да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни.

Поврзано: 

Формирана комисија за случајот со ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Tags: Мирјана Јовановска Стојановска
Next Post

Формирана комисија за случајот со ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk