ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Илиевски: Новогодишната кошничка повторно промашена, цените веќе се покачени, ефектот ќе биде нула

December 5, 2024 16:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Најавената мерка на Владата за воведување на т.н. „новогодишна кошничка“ е задоцнета и промашена a ефектот од нејзината примена нема да го почувствуваат граѓаните, порача на денешната прес-конференција Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

Прво, истакна тој, затоа што дел од цените на производите коишто денеска се објавија во изминатите дена трговците веќе ги поскапеа. Таков е конкретно случајот со голем број млечни производи кои поскапеа во изминатите денови за 10 тина денари по килограм, рече Илиевски.

„Сега и доколку се намали цената ефектот кај граѓаните е нула, затоа што реално не добиваат поефтин производ и нема да им се намалат месечните трошоци. Второ, затоа што мерка е времена. На граѓаните им е потребна помош и поддршка постојано а не само во одреден период. Трето. Нема механизам дека намалените цени ќе бидат реално спрведени ниту пак механизам за казнување доколку трговците не ги почитуваат. Владата сама вели дека ќе мониторира и ништо друго“, истакна Илиевски.

„Со популизам за некакви договорени цени не може вистински да им се помогне на граѓаните.  Ниту среќни граѓани ниту полна трпеза може да има со ваки погрешни политики. Повеќе ваквите мерки им одат во корист на трговците отколку на граѓаните. Очигледно власта не мисли  како да им помогне на граѓаните. Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари. Има ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец. Семејствата сè потешко ги покриваат основните трошоци и се принудени да се откажуваат од потреби кои до вчера беа основни. Ова е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Владата на Мицкоски, која ги игнорира проблемите со кои граѓаните се соочуваат секојдневно. Вистинска мерка којашто ќе донесе реално и долгорочно намалување на цените на производите е решението на СДСМ за укинување на ДДВ на храната. Затоа што вистински ќе се намалат цените на 250 производи. Затоа што им одговара и на граѓаните и на трговците кои ќе ја почиутваат и Затоа што тоа намалување ќе биде на долг рок“, нагласи потпретседателот на СДСМ.

Tags: Методија Илиевскиновогодишна кошничка
Next Post

Мицкоски-Касаноф: Европските интеграции врвен стратешки приоритет, САД цврсто стојат зад Северна Македонија

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk