РИБАРО
На третиот ден од возобнувањето на Богородичната црква во Париз, француските извори на АХА јавуваат дека се случило чудо во Нотр Дам.
Силуета која јасно ја отсликува фигурата на претседателката на Нашата земја – Гордана Сиљановска Давкова, се појавила во Нотр Дам.
– Ова е чудо! Силуетата од македонската претседателка се шеташе низ катедралата одма после церемонијата. Сиљановска е тука – во Нотр Дам, со радост коментираат нашите извори.
Сиљановска Давкова како што наведоа од кабинетот на претседателката поради дефект на владиниот авион не можеше да пристигне во Париз на свечениот чин.
Екипата на АХА за коментар го замоли градоначалникот на Бутел, кој пред некој ден имаше слично чудојавление во црква од неговата општина.
Ова не е никакво изненадување за мене – Пресветата Божја Мајка се појави во божји храм во Бутел, нашата национална мајка Гога се појави во Нотр Дам, тоа е божјата вистина, истакна градоначалникот Дарко Костовски за АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK