Министрите за внатрешни работи на Велика Британија, Германија, Франција, Холандија и Белгија денеска во Лондон ќе разговараат за соработка во областа на криминалните мрежи поврзани со илегалната имиграција во Европа. Земјите ја формираат таканаречената Група од Кале. На состанокот ќе присуствуваат и претставници на Европската комисија, европската полициска агенција Европол и агенцијата за заштита на надворешните граници на ЕУ Фронтекс.
Учесниците на состанокот ќе дефинираат план за интензивни акции за наредната година и ќе ја разгледаат улогата на финансиските недозволени текови и споделувањето разузнавачки информации што може да придонесе за гонење на трговците со луѓе во Европа.
Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер и нејзината германска колешка Ненси Фесер синоќа, најавија потпишување на акционен план меѓу нивните две земји. Тоа ќе го зајакне оперативниот капацитет на британските и германските органи за справување со криминални мрежи.