ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕВН и ТАВ поставија полначи за електрични автомобили на аеродромите во Скопје и во Охрид

December 11, 2024 12:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Фото: ТАВ/ЕВН

Фото: ТАВ/ЕВН

Share on FacebookShare on Twitter

Од денес, патниците, корисниците, гостите и персоналот на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе имаат на располагање дополнителна услуга и погодност – четири станици за полнење електрични возила. Оваа нова предност, која дополнително ја збогатува понудата на ТАВ Аеродроми, е овозможена од ЕВН Македонија и е во согласност со стратегиите за одржливост и континуирано подобрување на услугите за клиентите на двете компании, се истакнува во соопштението од ТАВ и ЕВН.

Новопоставените станици за полнење на електрични возила кои работат на наизменична и еднонасочна струја се стратешки лоцирани на паркинзите на двата аеродрома и можат истовремено да полнат до осум електрични возила – шест на аеродромот во Скопје и две на охридскиот.

„Како прва компанија што воспостави национална инфраструктура за полнење електрични возила, продолжуваме да ги интензивираме нашите напори за проширување на мрежата за брзо полнење преку силни партнерства со бизнисите и локалните заедници. Нашата соработка со ТАВ Македонија ни овозможува дополнително да ја поддржиме мобилноста на сопствениците на електрични возила, што е дел од нашата долгорочна стратегија. Покрај обезбедувањето на преку 100 точки за полнење во 18 различни градови низ земјата, се фокусираме и на поставување брзи полначи долж клучните патнички коридори што возачите ги користат за национални и за меѓународни патувања,“ изјави Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

„Како ТАВ Аеродроми, возбудени сме што ставивме во употреба станици за полнење е-возила како нова можност и погодност на аеродромите во Скопје и Охрид. Оваа иницијатива на ТАВ Аеродроми обезбедува брзо полнење на зголемениот број корисници на е-возила им овозможува да ги надополнат своите е-возила и се усогласува со нашата посветеност и основната корпоративна вредност – одговорноста. Сепак, оваа предност за корисниците на аеродромите е уште еден доказ за нашите постојани напори да промовираме одржливи практики на аеродромите каде што работиме. Она што е исто така важно за нас е тоа што подобрувањата како ова го збогатуваат искуството на патниците и корисниците додека патуваат низ нашите аеродроми или при пречекување или испраќање со нивните пријатели и членови на семејството,“ изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Next Post

Бела куќа: САД остануваат во Сирија и по падот на Асад

НАЈНОВО

Почна да се гради „Градски воз“: Првата линија готова за шест месеци, брзата пруга во употреба од 2028

October 24, 2025

Д-р Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

October 24, 2025
Скриншот

Њу Делхи предизвика вештачки дожд во обид да го ублажи големото загадување на воздухот

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk