ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонски и грчки професори во Солун ќе дискутираат за перспективите на културна соработка со акцентот на македонскиот јазик

December 14, 2024 08:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За перспективите на културната соработка на академско ниво со фокусот ставен на македонскиот јазик, ќе дискутираат македонски и грчки професори на настанот што денеска ќе се одржи во Солун, а дел од учесниците, професорката Александра Јоаниду и професорот Владимир Мартиновски во разговор со дописничката на МИА од Атина ја истакнуваат важноста на конференцијата.

Станува збор за научна конференција што е прва од ваков тип на академско ниво на која домаќин е Грција, а ќе се одржи во амфитеатар на Универзитетот „Македонија“ во Солун и е во организација на Лабораторијата за култура, граници и родови при Катедрата за балкански, словенски и ориентални студии на солунскиот Универзитет во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Деканот на Филолошкиот факултет, професор Владимир Мартиновски за МИА вели дека меѓусебното запознавање на академските заедници и студентите преку вакви соработки несомнено ќе придонесат и во развојот на добрососедските односи.

-Научната конференција на Универзитетот Македонија во Солун е одлична можност да ја поттикнеме, зајакнеме и развиеме академската соработка во доменот на филолошките науки и хуманистиката. Меѓусебното запознавање преку проучувањето на јазиците, литературите и културите, поттикнувањето на мобилноста на студентите и на наставниот кадар, долгорочното вложување во едукацијата и усовршувањето на книжевните преведувачи несомнено ќе придонесат и во развојот на добрососедските односи, истакна професор Мартиновски.

Професорката Александра Јоаниду за МИА посочува дека настанот „има за цел да ја зацврсти долго планираната соработка помеѓу Универзитетот во Скопје и Универзитетот Македонија“.

-Официјалното признавање на македонскиот јазик со Договорот од Преспа требаше да се спроведе и во академската средина за конечно да започне плодна размена на идеи, култура, знаење и соработки на академско ниво. Овој настан го сметам за многу важен настан кој сигнализира не само желба и расположение да се променат кон подобро односите меѓу нашите два народа, туку и трансформација на теоријата во пракса, нагчаси професорката Јоаниду за МИА.

Според официјалната програма на научната конференција, освен професорите Јоаниду и Мартиновски ќе учествуваат и професорките Румена Бужаровска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елени Сидери, професорот Јоанис Манос, асистентката Елена Ѓорѓиовска, д-р Кица Колбе, д-р Евангелос Киријаку, Марија Думпа и Фотис Сионис.

Настанот е најавен со специјален постер на кој е вклучено едно од уметничките дела на македонскиот сликар Лазар Личеноски.

Професорките Александра Јоаниду и Румена Бужаровска веќе имаат соработка, со оглед на тоа дека две од книгите на македонската авторка се веќе преведени од македонски на грчки јазик, во превод токму на професорката Јоаниду.

Next Post

„Домашно, природно, вкусно“ – Саем на македонска традиционална храна

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk