Полициска акција вечерва се спроведува на неколку локации низ државата со цел приведување на сторители на кривични дела.
Дел од медиумите, како што пренесува МИА, јавуваат дека се вршат претреси во Арачиново и на други делови од Скопје и државата и дека веќе има уапсени лица.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден.