Најмалку 22 Палестинци беа убиени во израелските воздушни напади во Газа во саботата, соопштија медицинските лица, додека израелската војска соопшти дека цел биле вооружени напаѓачи кои оперирале од засолништа и складишта за помош, пренесе Ројтерс.
Најмалку 10 лица загинаа во воздушен напад во близина на зградата на општината во Деир Ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, каде што луѓето се собраа да добијат помош, соопштија медицинските лица.
Жртвите се пренесувале пеш, со рикши и приватни автомобили од местото на нападот до болницата, рекоа медицинските лица. Во нападот е убиен шефот на административниот комитет на Хамас во централна Газа, Диаб Али ал-Јару, изјави извор од Хамас.
Израелската војска соопшти дека Ал Јару, кој беше и градоначалник на Деир Ал Балах, бил цел на нападот и дека им помагал на милитантите на Хамас. Уште четири лица загинаа во одделен напад во областа.
Претходно, израелски авиони погоди милитанти и складишта за оружје во близина на складиште за хуманитарна помош, соопшти војската, откако вооружени лица истрелаа ракети врз Израел од таму во петокот. Уште една ракета беше истрелана од Газа кон Израел во саботата, соопшти војската.
Д. Т./Цивил Медиа