ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повратниците од странските боишта се „темпирана бомба“, државата треба да ги ресоцијализира

December 16, 2024 15:37
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во полициска акција уапсени се четири лица од струшко-гостиварскиот регион за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави.

„Станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Универзитетскиот професор Владимир Пивоваров за Цивил Медиа вели вели дека за поздравување е акцијата на МВР за сузбивање на терористичката ќејлија во Македонија.

„Во оваа истрага и разузнавање сигурно ни помогнаа НАТО партнерите. Она што е загрижувачки е што во нашата држава има 146 лица кои учествувале во странски боишта. Ние имаме центри за ресоцијализација на таквите лица, меѓутоа, прашањето е колку даваат резултати таквите програми за ресоцијализација. Ние практично имаме „темпирани бомби“ и само прашање на време е кога тие ќе се активираат“, вели тој.

Пивоваров потенцира дека нашиот закон треба да е поригорозен во однос на лицата кои учествуваа(т) во странски боишта. Како пример го наведе британското законодавство каде што таквите лица со семејство ги протеруваат од државата.

Проф. д-р. Трпе Стојановски за Цивил Медиа, вели дека работата на полицијата во соработка со разузнавачките служби е превентивно да делува и рано да ги разбие терористичките групи кои може да предизвикаат сериозни проблеми во државата и регионот. Детектирањето и делувањето на полицијата да спречи можни терористички дејствиа е за пофалба.

„Проблемот кај нас е што имаме лица кои учествувале во ИСИС, тие имаат тука семејства, но дел од нив создадоа и нови семејства во земјите во кои се бореа. Предизвик за нашата земја е ресоцијализацијата на тие лица. Ниту една држава нема доволно ресурси, но државата треба да ги создаде. Но, и покрај ресоцијализацијата, постои опасност тие лица повторно да се активираат, меѓутоа државата треба соодветно и брзо да реагира“, вели Стојановски.

Кривичното дело за кое е поднесена пријавата за четворицата македонски државјани е терористичка организација.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

Next Post

Мицкоски изјави дека Владата нема намера да го зголеми ДДВ

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk